Симо Боризов Стефаноски ( 1925 во Дупјани, Кичевско1945 во Даревац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Симо Стефаноски
Роден 1925 година
Дупјани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал мај, 1945 година
Даревац, Хрватска
Националност Македонец

Животопис уреди

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Согледувајќи ги последиците од теророт на окупаторската власт, стапил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Во состав на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот Фронт, каде загинал во борба со германците кај месноста Даревац во мај 1945 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 124.