Симеон Гугуловски

македонски оперски пејач и изведувач на родољубиви песни

Симеон Гугуловски (1 јуни 1941 - 13 август 1995) — истакнат македонски оперски тенор и пејач на македонски родољубиви и револуционерни песни. Изведувал и разни забавни мелодии.

Симеон Гугуловски
Албумски портрет на Гугуловски
Животописни податоци
Роден(а)1 јуни 1941(1941-06-01)
Солун, Егејска Македонија
ПотеклоГаличник
Починал(а)13 август 1995(1995-08-13) (возр. 54)
Софија, Бугарија
Жанровиопера, родољубива и забавна музика
Занимањапејач
Период на активност1950-ти - 1995
Издавачиразни

Рана младост и образование уреди

Роден е во 1941 г. во Солун, Егејска Македонија во галичко печалбарско семејство, кое потоа се сели во Скопје. Основното по завршувањето на основното образование, се запишал на Средното музичко улилиште, а навечер настапувал во познатата кафеана „Кермес[1].

Студии и кариера во Словенија уреди

По третата година музичко образование, Гугуловски заминал во Љубљана, каде го завшршил одделот за пеење кај проф. Ксенија Новшак-Ховшка. Студирал на Педагошкиот факултет во Љубљана и работел како професор по музичко образование. Потоа, се запишал на Музичката академија во истиот град, магистрирајќи кај професорките Ксенија Новшак и Ондина Ота – Класинц.

Од 1973 до 1977 г. бил солист во Љубљанската опера.[2]

Работа во Македонија уреди

Во 1978 г. преминува во Операта при МНТ во Скопје и таму работи до крајот на животот.

Починал во Софија, на 13 август 1995 г.

Улоги уреди

 
Омот од албум на Гугуловски од 1966 г. во издание на „Југотон

Гугуловски исполнил преку 20 главни и многу споредни улоги во својата кариера од светското и домашното оперско творештво. Покрај настапите на разни места во Југославија, гостуваал во повеќе странски земји како Бугарија, Чешка, Италија, Германија, Полска и Словачка.

Ова е поопширен список на улогите кои ги толкувал:[1]

Странски уреди

Македонски уреди

Вокалистички настапи уреди

Гугуловски настапувал и како вокалист на разни ораториуми:

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Симеон Гугулоски“. Македонска нација. 7 април 2010. Посетено на 27 август 2015.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гугуловски, Симеон“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 414. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски уреди