Островот Сен-Луј е еден од двата природни острова на реката Сена, во Париз, Франција (другиот природен остров е Ил-де-ла-Сите, додека Островот на лебедите - Ил-де-Сињ е вештачки). Островот е наречен по кралот Луј IX од Франција (Кралот Свети Луј или на француски Сен Луј).

Јужниот крај на островот Сен-Луј (на француски Île Saint-Louis), виден од Мостот де ла Турнел.

Островот е поврзан со останатиот дел на Париз со мостови. Порано се користел како складиште сè додека не бил урбанизиран во 17-от век за време на владеењето на кралевите Анри IV и Луј XIII. Тој претставува мирна оаза среде бучниот париски центар. Има 2 автобуски станици и нема метро станица. Поголемиот дел е наменет за живеење, но има и неколку ресторани, продавници, кафулиња како и една голема црква, црквата Сен-Луј на островот.

Мостови уреди

Библиографија уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

48°51′06″N 2°21′23″E / 48.85167° СГШ; 2.35639° ИГД / 48.85167; 2.35639