Северна Тракија

северниот дел на Тракија

Северна Тракија (бугарски: Северна Тракия) или Бугарска Тракија (Българска Тракия) — северниот и најголем дел на историската област Тракија. Се наоѓа во јужна Бугарија и ја опфаќа територијата јужно од Стара Планина и источно од реката Места. Се граничи со Западна Тракија и Источна Тракија на југ, Црното Море на исток и Пиринска Македонија на југозапад. Во неа се сместени Средна Гора, Горнотракиската Низина и 90 % од Родопите. Северна Тракија зафаќа површина од 42.073 км2

Северна Тракија (сино) и остатокот од Тракија (жолто).

Во областа се застапени континенталната, умереноконтинентална и планинската клима. Тука е забележана највисоката температура во Бугарија: 45,2 °C во Садово, измерена во 1916 г. Најважни реки се Марица и нејзините притоки. Позначајни градови во Северна Тракија се Пловдив, Бургас, Стара Загора, Сливен, Хасково, Јамбол, Пазарџик, Асеновград, Крџали, Димитровград, Казанлак и Смољан.

Историја уреди

Во 1878 г. Отоманското Царство ја создало автономната покраина Источна Румелија во Северна Тракија. Во 1885 г. областа била припоена кон Кнежевството Бугарија[1]

Демографија уреди

Ова е етничкиот состав на Источна Румелија во отоманско време.

Народ 1880 1884
Жители % Жители %
Бугари 573.560 70,3 681.734 70,0
Турци 174.700 21,4 200.489 20,6
Грци 42.456 5,2 53.028 5,4
Роми 19.149 2,3 27.190 2,8
Евреи 4.177 0,5 6.982 0,7
Ерменци 1.306 0,1 1.865 0,2
Вкупно 815,951 975,030

Следува етничкиот состав на областите Бургас, Хасково, Крџали, Пазарџик, Пловдив, Сливен, Смољан, Стара Загора и Јамбол.

Народ 2001 2011
Жители % Жители %
Бугари 2.247.532 80,94 1.856.647 72,91
Турци 315.858 11,37 258.757 10,16
Роми 155.954 5,62 141.538 5,56
Руси 5.185 0,19 16.538 0,65
Ерменци 5.163 0,19
Грци 1.432 0,05
Евреи 253 0,01
останати 8.473 0,31
неизјаснети 36.958 1,33 273,151 10,73
Вкупно 2.776.808 2.546.631

Поврзано уреди

Наводи уреди

42°15′00″N 26°00′00″E / 42.2500° СГШ; 26.0000° ИГД / 42.2500; 26.0000