Севени (француски: Cévennes, окситански: Cevenas) — планински венец во јужно-централна Франција, опфатен од департманите Ардеш, Гар, Еро и Лозер.

Севени
Cévennes / Cevenas
Највисока точка
ВрвЛозер
Надм. вис.1.702 м
Координати44°25′34″N 03°44′21″E / 44.42611° СГШ; 3.73917° ИГД / 44.42611; 3.73917
Друго имеCévennes / Cevenas
Географија
Севени на карта

Карта

ЗемјаФранција
ДепартманиГар, Лозер, Ареш и Горна Лоара
Матичен венецЦентрален Масив

Поимот потекнува од галскиот збор Cebenna, латинизиран како Cevenna од Јулиј Цезар. Во неговата Географија (I век), Страбон ја нарекува Кеменон (Κέμμενων).

Географија уреди

Опфат уреди

Во поширока смисла, Севените се протегаат низ 9 департмани: Тарн, Од, Еро, Аверон, Гар, Лозер, Ардеш, Рона и Лоара. Во потесна смисла, Севените ги опфаќаат Лозер и Гар. Националниот парк Севени е речиси целосно во Лозер.[1]

Поважни населени места на Севените се Алес, Ле Виган, Симен, Валрог, Ганж, Сен Иполит ди Фор, Сов, Лазал, Сен Андре де Валборњ, Сен Жан ди Гар, Андиз, Флорак, Сен Жермен де Калберт, Ле Пон де Монвер, Вилфор, Женолак, Бесеж, Сен Амброа, Гањер, Ле Ван и Манд.

Опис уреди

 
Поглед на Севените.

Севените се сместени на југоисточниот огранок на Централниот Масив. Се протегаат од југозапад (Црн Кос) до североисток (Виварски Планини), при што највисоко место е планината Лозер (1.702 м). Границата меѓу двата департмана ја отцртува планината Егуал (1.567 м). Од венецот извираат реките Лоара и Алие кои течат кон Атлантикот, како и Ардеш и притоката Шасезак, Сез, другата река Гардон кон Рона, Видурл, Еро и Дурби кон Средоземното Море. Во 1970 г. се создадени Националниот парк Севени и Регионалниот природен парк Планина Ардеш. Близу ова подрачје има две значајни клисури: Жонтската и Тарнската. Ова е погранично подрачје од општествено-стопанско значење, а биогеографски се одликува со висинска стратификација помеѓу планинското средиште и приморските живеалишта.[1]

 
Севените од планината Егуал.

Геологија уреди

Венецот го образува југоисточниот дел на Централниот Масив, одделен од поврзаните Црни Планини со варовничката висорамнина Кос. Подината од гранит и шкрилци се издигнала со херцинска орогенеза, создавајќи расцеп, пополнет со одрони во пермот и тријасот (280 - 195 мг). Со промената во нивото на морето, планините добиле варовничка прекривка, а само врвовите се истакнувале над водата на јурското море. Ова подоцна подлегнало на одрони, и затоа Севените денес се вододелница помеѓу атлантскиот и средоземниот слив. Кон крајот на кредата и почетокот на терцијарот се случиле уште горообразни дејства. Алпската орогенеза ги издигнала и изобличила Алпите и Пиринеите, а Централниот Масив делувал како цврст блок, што значи дека прекривните карпи останале хоризонтални. Некои од нив подоцна можеби се набрале со раседување при отворањето на Средоземјето во терцијарот. Главните реки на подрачјето засекле длабоки клисури во варовникот: Тарнската Клисура, Жонтскара Клисура, Лот, Ардешката Клисура, Сез итн.[2]

Население и историја уреди

Во XXI век, областа сè уште е населена со француски протестанти од групата на хугенотите, кои живеат во планините уште пред XVI век. За време на владеењето на Луј XIV, голем дел од хугенотското население се отселило од Франција, особено по отповикувањето на Нантскиот указ во 1685 г. Протестантската заедница на Севените била заштитена од напади поради непристапноста и станала прибежиште за други протестанти.

Во 1702 г. ова хугенотско население, наречено Камизари, востанало против власта во одбрана на својата верска слобода.[3] Во 1715 г. двете страни се помириле, што му овозможиле на месното протестантско население да продолжи да живее во Севените. Нивните потомци живеат на истото место и денес.

Сообраќајни врски уреди

Севените се сообраќајно поврзани со следниве поважни места:

Автопати уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 S. Souchay, Du paysage à sa dénomination, une contrée cévenole, maîtrise de géographie Toulouse Mirail, 2005.
  2. Suthren., Roger (2003). „Rocks and Scenery of the Mont Lozère Region, France“. Oxford Brookes University's Ecology field course to the Cévennes. Oxford Brookes University. Посетено на 10 August 2016.
  3. „The first Camisards and freedom of conscience“. Архивирано од изворникот на 2013-07-16. Посетено на 2017-11-12.

Надворешни врски уреди