Свита[1][2] (француски, suite, од suivre = нижи, реди[3] ) — една од најстарите и, заедно со сонатата, најважните повеќеставни форми на инструментална солистичка и оркестарска музика. Тоа е поим од музиката, за група независни инструментални ставови со различен карактер, обично во ист тоналитет.[4]

Првиот став - „Буре“ од Баховата „Англиска свита бр. 1“

Свитата е жанр на инструментална музика[3], која се состои од неколку независни ставови (4-5 и повеќе), најчесто со танцов карактер [3], аранжирани како целина според принципот на контраст. Танците се од различни видови, темпо и мери, но во меѓусебното контрастирање на ставовите, спротивноста не е толку суштински изразена како меѓу ставовите на класичната соната.

Општо земено, може да се каже дека свитата може да се спореди со низа слики, додека сонатата претставува циклус од драмски сцени.

Особина уреди

Во текот на 17 и во 18 век, во времето на својот барокен врв, свитата главно се состоела од танцови ставови.[4]

Во 19 и во 20 век, поимот почнал да се користи многу пошироко и поопшто, за различни групи инструментални музички облици, обично помали од сонати, подготвени за концерт или некоја друга сценска изведба.[4]

Примери за тоа се: Менделсоновата музика за Шекспировиот Сон на летната ноќ (компонирана во 1843 година.), Бизеовата Арлова свита (компонирана во 1872 година) и музика за балети, како што е свитата од Оревокршачка од Чајковски во 1892 година и свитата на Игор Стравински за Жар птица 1911, 1919, 1945 година.)[4]

Историја уреди

Свитата била создадена со ширење на модата на дворски танци од 14 до 16 век, како комбинација од два различни танци: pavane - galliard или basse danse - saltarello.[4]

Честопати истата мелодиска тема била обработувана во различен метро и темпо во два танцови става. Во 16-тиот и 17-тиот век, германските композитори често би нанижеле три или четири танцови ставови во единствен музички ентитет, а ран пример за тоа е Банчето музикале од Јохан Шајн (објавен во 1617 година), како збирка од свити од пет танцови ставови за пет виоли.[4]

Во Франција постоел тренд на компонирање свити за соло лаута или клавијатури како збирка од 17 до 18 парчиња, речиси секогаш танцови, во ист тоналитет. Француските композитори постепено ги трансформирале танцовите ставови во елегантни, софистицирани композиции, а за одредени танцови жанрови развиле посебни музички одлики. Најчесто ги нарекувале со мечтателни имиња, како - ordres.[4]

Во почетокот на 18 век, четири вида на танц станале стандардни ставови во свитите; (германски танц), (француски танц), (шпански танц) и (англиски танц), по тој редослед. Овој основен вид на распоред на ставови се развил во Германија на крајот на 17 век, откако Јохан Јакоб Фробергер почнал да вклучува англиски - жигу пред или по курантот, наместо вообичаениот германски распоред; алеманда, курант, сарабанда. Издавачот Фробергер подоцна го реорганизирал редоследот на танцовите ставови, што станало стандард.[4]

Со појавата на галантниот стил () во средината на 18 век, почнале да се вклучуваат дополнителни танци, како што се гавоти и менуети, па дури и арии кои повеќе немале никаква врска со танцот. Тоа тогаш станало вообичаено, како и различните имиња за воведниот пасус; прелудиум, увертира, фантазија, симфонија. Примери за такво проширување од четирите основни танци во соло свитата се Баховите; англиски свити, француски свити и партити (тогаш партита била вообичаен германско назив за - свитата).[4]

Надвор од Франција и Германија, распоредот и изборот на танцови ставови не биле толку стандардизирани. Во Италија, свитата за камерен оркестар вообичаено се нарекувала - sonata da camera.[4]

Во Германија на крајот на 17 и на почетокот на 18 век, се развил уште еден вид свита, кој вклучувал нови модерни танци, а не четирите традиционални видови танци, кои станале премногу префинети. Почнувале со увертири во француски стил, па често ги нарекувале -. Примери за овој пофлексибилен пристап се свитите на Жорж Мифа од неговите два Флорилегиуми (1695, 1698), четирите увертири на Бах за оркестар и Хендловите „Музика на вода“ (1717) и „Музика за кралскиот огномет“ ( 1749 ).[4]

Облик на танцот во барокната свита уреди

Повеќето танци што го сочинуваат барокната свита имаат барокен дводелен форум. Целиот став е тематски хомоген, така што вториот дел не носи никаков нов тематски материјал (монототематичноста е исто така една од важните одлики на барокната музика и во останатите барокни облици). Двата дела се приближно со иста должина, и двата дела се повторуваат.

Тонскиот план на свитниот став е многу јасен и прегледен:

ab
||: Т - D : || |||: D - Т : ||

Во првиот дел започнува со тонички тоналитет, па се модулира во доминантен. Во вториот дел започнува со тоналитетот во доминанта, па потоа се враќа во тоник. Ако основниот тоналитет е молски, може да се модулира во доминантен мол или паралелен дур. Во некои случаи, вториот дел може да биде двапати подолг од првиот (сарабанде), така што можеме да зборуваме за триделна песна (облик а-б-а или а-б-ц) од која се развива сонатниот облик.

Свитите во романтизмот уреди

Во романтизмот дошло до процут во компонирањето свити. Биле компонирани со музика од опери, сценска музика или балет, како свитата „Сон на летната ноќ“ на Феликс Менделсон. Свитите веќе немале танцови ставови како во барокот, туку програмски наслови (во свитата „Сон на летната ноќ“ има ставови: Шерзо, Ноктурно и Свадбен марш). Со свити се прославиле Жорж Бизе (две свити „Кармен“ и две свити „Арлежанка“), Петар Илич Чајковски („Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“ и „Оревокршачка“), Едвард Григ (две свити „Пјер Гинт“), Модест Петрович Мусоргски („Слики од изложбата“), Николај Римски Корсаков („Шехерезада“) и Камиј Сен-Санс („Карневал на животните“).

Наводи уреди

  1. „свита“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „свита“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 3,2 Suita (hrvatski). Leksikografski zavod Miroslav Krleža. Посетено на 11. 12. 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Suite (engleski). Encyclopædia Britannica. Посетено на 11. 12. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски уреди