Сашо Лазаровски (4 мај 1978, Скопје) ― македонски поранешен репрезентативец во ватерполо, и тековен претседател на Советот на Општина Карпош.[1]

Сашо Лазаровски
Роден 4 мај 1978(1978-05-04)(46 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ

Животопис уреди

Сашо Лазаровски е роден во Скопје, на 4 мај 1978 година. Дипломирал Меѓународни екомонски односи на Универзитетот за национално и светско стопанство во Софија, Бугарија, во 2003 година, а во 2015 година, магистрирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и се стекнал со звање магистер по економски науки од областа на МБА менаџмент.

По дипломирањето, извршувал повеќе раководни функции, како: помошник директор и раководител во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, економски промотор во Република Бугарија на Агенција за инвестиции на Република Македонија, како и директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Функцијата заменик министер за локална самоуправа ја обавувал во период од август 2011 до април 2013 година.

Сашо Лазаровски е избран за претседател на Советот на Општина Карпош во април 2013 година.

Во рамки на својата политичка кариера и наобразба се стекнал со искуства и вештини од Политичката академија за меѓународни односи и дипломатија „Конрад Аденауер Штифтунг Академија“.

Лазаровски е поранешен репрезентативец на Република Македонија во ватерполо.

Наводи уреди

  1. „Официјална страница“. Архивирано од изворникот на 2017-05-07. Посетено на 2017-02-07.