Сашо Димоски (Охрид, 1985) — македонски писател.

Сашо Димоски
Роден/а1985
Македонија Охрид, Македонија
ЗанимањеПисател
НационалностМакедонец
Апсолвент наФилозофски факултет - Скопје

Животопис уреди

Сашо Димоски е роден 1985 година во Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на отсекот Општа и компаративна книжевносто. Неговото прво објавено дело е романот Дневникот на еден хулиган, објавен во 2014 година во издание на „Култура“. После тоа доаѓа романот Алма Малер објавен во 2014 година со истиот издавач. Романот е адаптиран за сценска изведба во Македонскиот народен театар. Во 2015 година го објавил романот Петтото годишно време, со поднаслов Вовед во историјата на третиот пол („Култура“), за што го добил Рациновото признание. Збирката драмски текстови Ние, другите е објавена во 2015 година во издание на „Култура“.[1] Романот Заспани убавици со поднаслов Втор вовед во историјата на третиот пол бил објавен во 2017 година во истата издавачка куќа што ги објавила неговите претходни книги. Неговите раскази биле објавени во списанието Рукописи (2011, Панчево), како и во Антологијата на македонските раскази издадена од Далки аркајв за американскиот пазар.[2]

Сашо Димоски работи како драматург во театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес.[1]

Библиографија уреди

  • Дневникот на хулиганот, Култура, 2014 г.
  • Алма Малер, Култура, 2014 година.
  • Петтото годишно време, Култура, 2015 година.
  • Ние, другите, Култура, 2015 година.
  • Заспани убавици, Култура, 2017 година.

Награди уреди

Добитник е на Рациновото признание за романот Петтото годишно време со поднаслов Вовед во историјата на третиот пол.[2] [3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Sašo Dimoski“. laguna.rs. Посетено на 17. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Сашо Димоски“. kultura.com.mk. Посетено на 17. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Добитници на „Рациново признание" за 2016 година се Владимир Јанковски и Сашо Димоски“. mkd.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-08. Посетено на 17. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски уреди