Самракот на идолите

Самракот на идолите - Како се филозофира со чекан (германски: Götzen-Dämmerung, oder Wie man mit dem Hammer philosophiert) - книга на германскиот философ Фридрих Ниче од 1888 година.

Самракот на идолите - Како се филозофира со чекан -Фридрих Ниче

Содржина уреди

Осврт кон делото уреди

Ова дело, Ниче го опишува како „ведро и кобно во тонот, демон кој се смее“, а било напишано во толку мал број денови, што тој се срами да каже. Сепак, тој вели дека оваа книга е исклучок меѓу книгите, зашто од неа нема ништо побогато со супстанција. Притоа, непосредно по завршувањето на ова дело, Ниче се зафатил со задачата за преодредување на вредностите. Предговорот го напишал на 3. септември 1888 година, а попладнето на 21. септември пристингал во Торино, каде веднаш започнал да работи на последната четвртина од делото, кое го завршил на 30. септември, по што отишол да се одмори на брегот на реката По. истиот ден го напишал предговорот за „Самракот на боговите“.[1]

Наводи уреди

  1. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 138-140.