Само без скршнување

Само без скршнување е расказ од израелскиот писател Ефраим Кишон. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Владимир Јанковски.

Содржина уреди

Кога господинот Кишон добива покана да се јави во полиција, жена му го убедува дека никако не смее да оди таму сам, така што тој го ангажира познатиот адвокат д-р Јонатан Шај-Шајнкрагер. Утредента, двајцата одат во полициската станица и таму дознаваат дека поканата се однесувала за банална работа - полицијата ја пронашла ташната на г-н Кишон, која тој ја загубил пред извесно време. Кога Кишон сака да си ја земе ташната, адвокатот го спречува, по што настанува сложена ситуација: се прави посебен записник, доаѓа шефот на полицијата и на крајот, г-н Кишон завршува во притвор, чекајќи го судењето.[1]

Наводи уреди

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 118-126.