Самба де рода е потрадиционална музичка варијанта на самба, која потекнува од бразилската држава Баија. Веројатно се појавува во 19 век. Музичкиот стил е обично Афро-Бразилски, кој е поврзан со танц, кој пак е поврзан со капоира. Се игра со сет од тамбурина, атабак, беримбау, виола и штракала, главно придружени со песни и ракоплескање. Самба де рода претставува мешавина на музика, танц, поезија и забава. Присутен е во целата бразилска сојузна држава Баија, каде што се практикува главно во регионот Реконкаво. Но, ритамот се проширил и во различни делови на земјата, особено во Пернамбуко и Рио де Жанеиро. "Самба де рода" се појавила со инспирација и влијание, особено од африкански ритам, семба, и била формирана од наводи на најразновидните африкански племенски ритми. Самба де рода започнала да се игра околу 1860 како манифестација на културата на Африканците кои дошле во Бразил. Според историските истражувања, Самба де Рода била една од основите за формирање на самбата кариока во Рио.