Сага за Винланд (манга)

Сага за Винланд (јапонски: ヴィンランド・サガ) — историска манга чиј автор е Макото Јукимура.[1] Мангата била објавена од Коданша и првпат била серијализирана во списанието Weekly Shonen Magazine пред да се префрли во Monthly Afternoon. Од јуни 2023 г., Сагата на Винланд има 27 тома. Аниме-серија, произведена од Wit Studio, се прикажувала на NHK General TV од јули до декември 2019 г. Втората сезона, произведена од MAPPA, се прикажувала на Tokyo MX и BS11 од јануари до јуни 2023 г.[2][3]

Корицата на првиот том, вклучувајќи го Торфин

Во 2012 г., Сагата за Винланд ја освоила наградата „Манги на Коданша“. Од 2018 г., мангата е продадена во повеќе од 5 милиони примероци. Филмската адаптација била препознаена како една од најдобрите аниме-серии за 2019 г.

Содржина уреди

Оваа приказна започнува на почетокот на XI век, кога викинзите, кои господареле со северните мориња, почнале да ја освојуваат Англија. Во епоха кога секирата била помоќен аргумент од зборот, мало момче го губи својот татко. Откако тргнува по воинствен пат, тој копнее за чесна борба со убиецот на неговиот татко. Младиот човек се приклучува на одредот на својот непријател и ги извршува најтешките задачи за него, добивајќи како награда право на двобој. Но во секој нивен двобој тој губи од искуството и возраста на противникот. Продолжувајќи го својот живот како платеник, тој несвесно станува учесник во многу посериозен светски судир. Приказната се заснова на исландските саги: „Сага за Ерик Црвениот“ и „Сага за Гренланѓаните“.

Наводи уреди

  1. „36th Annual Kodansha Manga Awards Announced“ (англиски). Anime News Network. 2012-05-10. Архивирано од изворникот на 2013-11-06. Посетено на 2012-05-14. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Vinland Saga (manga) - Anime News Network“. www.animenewsnetwork.com. Посетено на 2024-03-09.
  3. „Vinland Saga Announces Extended Hiatus“. Архивирано од изворникот на 2021-08-11. Посетено на 2021-08-11. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски уреди