СУ „Киро Бурназ“ - Куманово

„Киро Бурназ“ — средно училиште во Куманово, Општина Куманово[1].

Киро Бурназ

Место
Општина: Куманово
Место: Куманово
Адреса: с. Долно Коњаре
Основни информации
Директор: Весна Трајковска
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал kiroburnazku.schools.edu.mk

Историјат - Патрон уреди

Бурназовски Тодоров Киро-Бурназ е роден на 31 јануари 1910 година во занаетчиско семејство. Бил металски работник и член на КПЈ од пред војната. Завршил два класа гимназија во Куманово, а во 1922 година стапил на изучување на металскиот занает. Уште од млади години се вклучил во напредното работничко движење. Во 1925 година станува секретар на Синдикалната подружница на металските работници, во комитет на СКОЈ, во 1928 избран за член на Покраинскиот комитет на СКОЈ, а во 1929 година и за негов секретар. По провалата што станала надвор од Куманово, во 1929 година бил затворен со група од 15 кумановски комунисти и скоевци. На судењето во Белград во јануари 1930 година бил осуден на шест години и спроведен во Сремска Митровица. На робија учествувал во сите акции и штрајкови организирани од затворското партиско раководство. Истовремено со голема волја настојувал да го збогати своето знаење од областа на марксизмот-ленинизмот, читал книги и ги посетувал часовите и предавањата на истакнати партиски раководители Моша Пијаде, Едвард Кардељ, Кершовани, Огнен Прица и др. По излегување од затворот, во 1935 година, се враќа во Куманово и продолжува со својата револуционерна дејност. Во 1937 година оди на работа во Скопје, каде на младите металски работници во работилницата на Папа Теодос им ги пренесува своите партиски искуства. Во јануари 1941 година, во група од над 20 кумановски комунисти, бил интерниран во концетрациониот логор Меѓуречје кај Ивањица. Со окупацијата на нашата земја 1931 година активно се вклучува во подготовка на вооружена борба. Учествува во голем број акции - во собирање оружје и муниција, во испитување на теренот за идните партизански дејствија и создавање на бази на теренот. На состанокот на својата партиска ќелија, доброволно и со големо одушевување се јавува за одење во партизани. На 11 октомври 1941 година станува борец на Карадачкиот партиски одред и по три дена, во првата нерамна борба против многубројниот и подобро вооружен бугарски фашистички окупатор, го дава својот живот во реонот на село Белановце.

Основање и развој уреди

Мисија и визија на училиштето уреди

Наставен план за стручно образование уреди

Проекти уреди

Награди и признанија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Користена литература уреди

  • Извор: 50 години Земјоделско училиште Киро Бурназ Куманово / Столе Максимовски Куманово: Просвета, 1997. - 85 стр. : илустр. (делумно во бои) ; 23 см