СУГС „Арсени Јовков“ - Скопје

„Арсени Јовков“ — средно училиште во Скопје, Општина Бутел[1].

Арсени Јовков

Место
Општина: Бутел
Место: Скопје
Основни информации
Контактни информации
Портал arsenijovkovbu.schools.edu.mk

Основање и развој уреди

СУГС „Арсени Јовков“- Скопје е еден од најголемите регионални центри за средно стручно образование во Р Македонија.

Од своето формирање од 1963 до денес училиштето прерасна во едно од најпрестижните училишта со долгогодишна традиција и високо реноме во областа на стручната образование на кадри.

Во своето долгогодишно постоење (влезено во V-та деценија) училишниот центар едуцираше повеќе од 30.000 стручни кадри од областа на економијата и правото (економски техничари и деловни секретари), кои се успешно вклучени во високообразовните институции и на пазарот на трудот.

Денес, СУГС „Арсени Јовков“ во рамките на образовниот систем на Р Македонија функционира како регионален центар за пример, обезбедувајќи проодност до сите високообразовни институции во, и надвор од државата.

Соработка: СУГС „Арсени Јовков“ остварува соработка со средните училишта во Скопје и во Р Македонија, Средно техничко училиште во Љубљана, Р.Словенија, Деловниот колеџ во Орхус, Данска, Биро за развој на образованието, Министерството за образование и наука и со други државни и стопански институции од локалото окружување.

Денес, училиште го посетуваат 2200 ученици.

Учество на натпревари уреди

Освоени награди уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди