Руски вселенски сили

Руски вселенски сили (руски: Космические войска России) — воена гранка на Руските воздухопловни сили чија мисија е воздушно предупредување, обезбедување на воздушен суверенитет и заштита на Русија. Низ својата историја силите биле расформирани на неколкупати, за последен пат тоа да се случи во 2011 година, но потоа истите повторно биле вратени во функција во август 2015 година.

Вселенска војска на Русија
Голем амблем на Вселенската војска на Русија
Активна1992–1997, 2001–2011
1 август 2015 - активна
Земја Русија
Видвселенска сила
Дел од Воздушно-вселенски
сили на Руската федерација
(Воздушно-космические силы)
Годишнини4 октомври
Обележја
Знаме
Мал амблем
Среден амблем

Според истражување од 2014 година, силите располагале со персонал од околу 150,000 луѓе. Нивен тековен командант е генерал-полковникот Александар Головко кој е на таа функција од самото враќање на силите во 2015 година. Персоналот на силите ја слави својата годишнина на 4 октомври, Денот на вселенските сили, кога во 1957 година бил лансиран првиот вештачки сателит во орбитата, рускиот Спутник 1.

Наводи уреди