Русиново
Русиново — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Русиново | |
Поглед на Русиново | |
Координати 41°40′59″N 22°48′29″E / 41.68306° СГШ; 22.80806° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Берово |
Област | Малешевија |
Население | 1.503 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2315 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01012 |
Надм. вис. | 900 м |
Русиново на општинската карта Атарот на Русиново во рамките на општината | |
Русиново на Ризницата |
Географија и местоположба уреди
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските Планини.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово е оддалечено 6 километри.[2]
Русиново има еден од најголемите атари по површина во Македонија. Атарот зафаќа простор од 133,3 км2. На него шумите заземаат површина од 9.078 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 2.518 хектари, а на пасиштата 1.542 хектари.[2]
Историја уреди
Во XIX век, Русиново било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство уреди
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русиново имало 1.510 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русиново имало 1.758 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Македонци.[6]
Русиново е голема населба, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 2.242 жители, а во 1994 година 2.100 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2.095 жители, од кои 2.092 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.503 жители, од кои 1.416 Македонци и 87 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.510 | 1.758 | 2.044 | 2.251 | 2.242 | 2.288 | 2.173 | 2.173 | 2.100 | 2.095 | 1.503 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови уреди
Русиново во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед. Семејства и родови кои живеат во Русиново се: Шутевски, Алаѓозовски, Мирчовски, Механџиски.
Општествени установи уреди
- Основно училиште „Никола Петров - Русински“ до IX одделение[13]
- Детска градинка 23 Август[14], клон на градската градинка од Берово
- Амбуланта
- Културен дом
- Пошта (2315)
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Русиново, каде Русиново било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Русиново се наоѓале и селата Владимирово и Мачево.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место уреди
Во селото постојат избирачките места бр. 0014 и 0015 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница и основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на оваије изборни место биле запишани вкупно 1.602 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости уреди
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Ан — населба од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Долно Грамаѓе — населба од римското време и старохристијанска црква;
- Дунковец — могила од римското време;
- Петрово Брдо — населба од доцноантичкото време;
- Плашица — населба и викус од доцноантичкото време;
- Терзиевец — населба од доцноантичкото време;
- Црквиште I — старохристијанска црква;
- Црквиште II — старохристијанска црква;
- Чука — градиште од доцноантичкото време; и
- Џами Тепе — средновековна црква.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква од XIX век;
- Црква „Св. Марко“ — капелна црква; и
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — капелна црква од XIV век.
- Бисти
- Биста на Никола Петров Русински
- Биста на Даме Груев
- Споменици
- Споменик од НОБ
Личности уреди
- Иван Белчев (1867–1921) — македонски револуционер;
- Никола Петров Русински (1885–1943) — македонски револуционер;
- Љупчо Мирчовски (1964–2001) — македонски бранител, капетан на воената полиција;
- Кристијан Воденски (р. 2006) — германски повеќекратен шампион во боречки спортови[19]
- Васил Димов Алаѓозовски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Јордана Василева Алаѓозовска — македонска револуционерка од ВМОРО.[20]
Галерија уреди
-
Биста на Никола Петров Русински
-
Дел од селото, заедно со главната селска црква „Св. Петка“
-
Градинката во селото
-
Поглед на селото
-
Селото заедно со поглед на црквата и селските гробишта
-
Споменикот од НОБ
-
Поштата во селото
-
Биста на Даме Груев
-
Поглед на селото
-
Панорамски поглед на Русиново
-
Поглед на Русиново од влезот на главната селска црква
-
Поглед на Русиново
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 263. Посетено на 12 април 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 април 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Никола Петров - Русински"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 12 април 2017.
- ↑ „Клон с. Митрашинци“. Градинка 23 Август Берово. Берово. Архивирано од изворникот на 2016-10-29. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Германската телевизија „РТЛ“ со прилог за „малиот Нинџа“ Воденски!
- ↑ 20,0 20,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)