Русе Петков Нестороски (1926 во Црвена Вода, Охридско — август 1945 во Охрид) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис уреди

Русе Петков Нестороски е роден во селото Црвена Вода. Се занимавал со земјоделие од најрана возраст. Како многу млад почнал да го помага НОБ. Станува член на СКОЈ од 1943 година. Доброволно пристапува во партизанскиот одред Даме Груев на 15 јули 1943 година. Во составот на Првата македонско-косовска ударна бригада, учествува во повеќе борби што ги води бригадата во западна Македонија и Грција, при што се разболува. Се лекува во охридската болница, и умира во август 1945 година.[1]

Наводи уреди

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)