Ружица Керамичиева

македонски психолог и универзитетска професорка

Ружица Керамичиева (моминско: Михајлова; 5 октомври 1930 во Суботица) — македонски психолог и универзитетска професорка на Филозофски факултет во Скопје, која што во моментов е во пензија.[1]

Ружица Керамичиева
Родена Ружица Михајлова
5 октомври 1930
Суботица, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање психолог, универзитетска професорка

Животопис уреди

Дипломирала на Филозофски факултет во Белград во 1961 година, потоа во 1969 година станала магистер, за потоа и да докторирала во 1976 година. На Институтот за психологија при Филозофски факултет во Скопје се вработила во 1976 година веднаш по докторирањето. Таму ги поминала сите звања до редовен професор и во 2001 година се пензионирала. Ги предавала предметите: развојна психологија (во учебната 1986-1987), освен на Филозофскиот факултет предавала и на Дефектолошкиот факултет во Белград, методика која била наменета за студентите по психологија, предавала и психологија на Филозофски и Филолошки факултет.

Предмет на научно проучување и се говорот и мислењето кај децата, а особено се посветила на методиката каде што ја вградила интерактивната настава и активното учење.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Керамитчиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 688. Text "series " ignored (help)