55°39′N 12°05′E / 55.650° СГШ; 12.083° ИГД / 55.650; 12.083

Роскилде (дан. Roskilde) е значаен град во Данска, во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во округот на покраината Селанд, каде со околните населби претставува една од општините, општина Роскилде. Денес Росаклд има околу 47.000 жители во градот и околу 83.000 жители во поширокото градско подрачје.

Роскилде
Roskilde
град
Грб
Земја Данска
Регион Зеланд
Координати 55°39′N 12°05′E / 55.650° СГШ; 12.083° ИГД / 55.650; 12.083
Население 47,828 (2012)
Часовен појас CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Поштенски бр. 4000
Портал: http://www.roskilde.dk/

Роскилде е познат по градската соборна црква, т.н. Роскилдска катедрала, најстарата готска црква во Северна Европа, која истовремено е и гробница на кралското семејство на Данска.

Природни услови уреди

Градот се наоѓа во источниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 35 км на запад.

Релјеф уреди

Роскилде е сместен во средишниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е направено за данските услови. Надморската височина на градот се движи од 0 до 50 метри.

Клима уреди

Климата во Роскилде е умерено-континентална со влијание на Атлантскиот Океан и топлата голфска струја.

Води уреди

Роскилде се образувал на крајот на заливот наречен Катинга, дел од Северното Море.

Историја уреди

Подрачјето на Роскилде било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население првпат се споменува околу 980 година, а веќе во 1020 година настанало епископско средиште. Во 1268 година, местото ги добила градските права.

Со завршувањето на Втората Северна Војна, во 1658 г. е склучен познатиот Роскилдски мировен договор, според кој заедницата Данска-Норвешка морала да се откаже од речиси половината територии во полза на Шведска.

И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Роскилде е неговото население не стадале премногу.

Население уреди

Денес Роскилде има над 47.000 жители во градските граници и околу 83.000 во околните населби на градот.

Етничкиот состав: Населението на Роскилде до пред неколку децении беше исклучително етнички данско. И ден денес етничките Данци се значајно мнозинство, но мал дел од населението се доселеници.

Стопанство уреди

Роскилде денес првенствено се потпира на третостепеното стопанство, а најмногу на туризмот. Градот е значаен по истоимениот универзитет со меѓународно значење, кој е исто така една од значајните потпори на градското стопанство.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди