Роберт Плант: Јас самиот

Роберт Плант: Јас самиот (англиски: Robert Plant: By Myself) – британски документарен филм од 2010 година, во режија на Крис Родли.

Содржина уреди

Во филмот, Роберт Плант зборува за своето музичко искуство, од Сторбриџ, преку британскиот блуз, ѕвездените моменти со „Лед Цепелин“ во 1970-тите, па сè до „Бенд оф џој“. Исто така, тој фрла поглед на својата работа со „Ханидриперс“ како и со северноафриканските музичари, неговото повторно здружување со Џими Пејџ како и неговата соработка со кантри-пејачката Алисон Краус. Како еден од најголемите вокали на рокенролот, Плант објаснува како му било да го скрши клишето на рок-божество и да го најде својот звук во 1980-тите и 1990-тите. Филмот вклучува музички инсерти и ретки снимки и фотографии.[1]

Наводи уреди