Роберт С. Јаки ( 1950 - Скопје, 29 октомври 2010) бил познат македонски фотограф[1][2] и еден од доајените на македонското фоторепортерство[3].

Творештво уреди

Јаки своите први фотографии ги објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1975 година, како претставник на новата генерација фотографи на современата македонска новинска фотографија. Станал познат по своите фотографии на големите несреќи и трагедии. Работел за сите изданија на „Нова Македонија“, потоа во Танјуг, Алсат М, а во еден период имал и свој фотомагазин „Фотон“. Неговите критериуми за фотографија биле на светско рамниште. Отворил повеќе самостојни изложби на уметничка и новинска фотографија[4]. Починал на 29 октомври 2010 година во Скопје на 60 годишна возраст, токму на 66 годишнината од Нова Македонија, весникот во кој започнал да работи.

Наводи уреди

  1. Kulturen život (28. изд.). Културно-просветната заедница на Македонија. 1983.
  2. Македонска библиографија (2. изд.). Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. 1990.
  3. „Почина Роберт Јаки - симболот на македонското фоторепортерство“. Нова Македонија. 30 октомври 2010. Посетено на 2010-10-30.
  4. „Изложба на новински фотографии "Македонија 2001 — култура и војна". Дневник. 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-10-30.

Надворешни врски уреди