Роберто Беличанец

Роберто Беличанец (Прилеп, 1 февруари 1972Скопје, 29 јуни 2013) — македонски политички аналитичар.

Роберто Беличанец
Роден 1 февруари 1972
Прилеп, СФРЈ СФР Југославија, денес Македонија Македонија
Починал 29 јуни 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање политички аналитичар

Животопис уреди

Беличанец е роден на 1 февруари 1972 година во Прилеп. Завршил гимназија во родниот град, а студиите ги продолжил на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил основач и директор на Центарот за развој на медиумите и еден од основачите на Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ). Починал ненадејно од срцев удар во Скопје на 29 јуни 2013 година. Почива во родниот Прилеп.[1]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Почина Роберто Беличанец. Архивирано од изворникот на 2013-07-02. Посетено на 2013-06-30.