Во мечувалството, рипост или одговор (од фр. riposte) е брз противудар со цел на бодење (удирање) на противникот, изведен од мечувалецот кој штотуку му парирал на еден напад.

[Б] возвраќа со удар по противничкиот удар, во боксот

Објаснение уреди

При мечување со сабја и флорет, предноста се префрла со успешно парирање; сега бранителот има предност и може веднаш да нападне со рипост. Рипостот може да биде директен, или пак може да содржи сложена ножна техника. Во случај на задоцнување на рипостот, предност добива ремисот на првичниот напаѓач.

При изведба на напад со втора намера, мора да се предвидат реакциите на противникот. Тогаш мечувалецот изведува напад очекувајќи да биде париран, подготвувајќи се за контрапарада и контрарипост.

Поврзано уреди