Ризикот на земјата (англиски: Country Risk) го претставува ризикот од загуба поради неповолни настани во земјата од која потекнува должникот. Овој ризик не ги вклучува комерцијалните ризици поврзани со работењето на должникот.

Дефиниција уреди

Ризикот на земјата опфаќа поголем број настани и состојби кои можат да предизвикаат загуба, како:[1]

  • ризикот од невраќање на долговите на дражвните должници (држави, централни банки, државни институции)
  • влошување на економската состојба во земјата
  • намалување на вредноста на валутата на земјата
  • неможност за префрлање на паричниет средства од земјата во странство
  • пазарна криза која предизвикува големи загуби за доверителите кои се изложени на пазарот во земјата

Наводи уреди

  1. Joël Bessis, Risk Management in Banking (second edition). Chichetser, UK: John Wiley and Sons, 2002, стр. 15-16.