Блато (река)

река во Македонија
(Пренасочено од Рибница (Прилепска))

Блато (во изворишниот дел позната како Строшка Река) — река во средишниот дел на Македонија, која се влева во Црна Река како нејзина лева притока.[1]

Блато
Канализираниот тек на реката кај селото Боротино
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоДаутица
 • надм. вис.1.170 м
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°14′11″N 21°24′1″E / 41.23639° СГШ; 21.40028° ИГД / 41.23639; 21.40028
 • надм. вис.
591 м
Должина44 км
Големина на сливот937 км2
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Тек уреди

Реката има најголема сливна површина од притоките на Црна Река, вкупно 937 км2, меѓутоа има најмал релативен пад на своето корито од само 13,2‰.[2]

Во изворишниот дел е позната како Строшка Река. Се влива во реката Црна кај селото Тројкрсти на височина од 591 метар.[2]

Долга е 44 километри.[2]

Прима повеќе притоки меѓу кои поважни се: Прилепска Река во чиј горен тек е изградено вештачкото Прилепско Езеро, потоа Зрза Река и Селишна Река.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНА ВОДА "СЛИВ НА ЦРНА РЕКА" ЗА ПЕРИОД 2016 - 2022“ (PDF). Посетено на 8 јануари 2022.

Надворешни врски уреди