Ремзи Несими (албански: Remzi Nesimi; Одри, Тетовско, 25 декември 1933 - Скопје, 3 февруари 2018) - македонски албанолог, јазичар, професор и истражувач. Познат е по тоа што тој бил еден од најистакнатите албанолози во Македонија и воопшто во светот. Особено бил значаен неговиот придонес во филолошките науки во областа на дијалектологијата и промовирањето на јазичното богатство.

Ремзи Несими
Роден(а)Remzi Nesimi
25 декември 1933
Одри, Тетовско,  Кралство Југославија
Починал(а)февруари 3, 2018(2018-02-03) (возр. 84)
Скопје, Македонија Македонија
Занимањеалбанолог, јазичар, професор и истражувач

Животопис уреди

Несими е роден 25 декември 1933 година во тетовското село Одри. Средно училиште завршил во Тетово, факултетот и постдипломските студии на Универзитетот во Белград, а докторирал на Универзитетот во Приштина. Работел како лектор по албански јазик при катедрата за албански јазик и литература на Универзитетот во Белград од 1962 до 1964 година, па потоа како предавач по албанскиот јазик на Педагошката академија во Скопје во периодот од 1964 до 1975 година. Бил и професор на Катедрата за албански јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје од 1975 до 1999 година. тој е автор на неколку научни книги и над 200 статии во периодични и научни списанија.[1] Несими бил учесник – делегат и на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во Тирана во 1972 година, којшто се смета за најзначаен за оформувањето на стандардниот албански јазик, а каде што Несими го презентирал рефератот „Процесот на унифицирање на литературниот албански јазик во Македонија“. Починал на 3 февруари 2018 година во Скопје. Почива во родното село.[2]

Награди уреди

Наводи уреди

  1. Koliqi, Hajrullah (2002). Historia e arsimit dhe e mendimit pedagogjik shqiptar. Prishtinë: Libri shkollor. ISBN 9951-07-084-1. Text "fq. 503-504" ignored (help)fq. 503-504
  2. Почина познатиот професор и истакнат албанолог Несими[мртва врска]
  3. „Орден за заслуги за Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов“. Дојче Веле. 23 јули 2021. Посетено на 24 јули 2021.