Религија во Франција

Верници во Франција
Римокатолици
  
31 %
Муслимани
  
8 %
Протестанти
  
3 %
Евреи
  
1 %
Атеисти/нерелигиозни
  
55 %

Франција е земја каде што слободата на мислата и на религијата се зачувани уште од 1789 година врз основа на Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот. Републиката се заснова врз принципот на Лаицизмот (или "слободата на совеста", вклучувајќи го и недостатокот од него) применет од страна на Жил Фери во 1880-тите и законот од 1905 година за поделбата на црквите и на државата. Римокатолизмот е мнозинската религија на францускиот народ. Таа повеќе не се смета за државна религија, како што било до пред 1789 година и револуцијата.

Богородичната црква во Париз, основана во 1163 година, споменик на католицизмот, мнозинска христијанска вера во Франција, но не официјална од 1905.

Според последните податоци кои биле направени во 2006 година, 51% од населението на Франција се Римокатолици, 31% се атеисти, околу 4% се муслимани, 3% протестанти, 1% евреи а околу 10% се нерелигиозни,