Рајнско-бершки округ

округ во Северна Рајна-Вестфалија, Германија

Рајнско-бершки округ (германски: Rheinisch-Bergische Kreis) — округ во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се граничи со окрузите Горнобершки и Рајна-Зиг, како и самостојните градови Келн, Леверкузен, Золинген и Ремшајд.

Рајнско-бершки округ
Rheinisch-Bergischer Kreis
округ
Знаме на Рајнско-бершки округГрб на Рајнско-бершки округ
Карта
Земја Германија
ПокраинаСеверна Рајна-Вестфалија
Адм. подр.Келн
СедиштеБершки Гладбах
Површина
 • Вкупна437,64 км2 (16,897 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно283.275
 • Густина6,5/км2 (17/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.GL
Мреж. местоrbk-online.de

Историја уреди

Во средниот век, подрачјето на округот било во состав на Грофовијата Берг, од каде произлегува неговото денешно име.

Во 1816 г. целата Рајнска област влегла во Прусија, а на оваа територија властите ги создале окрузите Виперфирт, Золинген, Ленеп, Милхајм и Опладен. Три години подоцна, Золинген и Опладен се споени во поголемиот округ Золинген. Во 1929 г. е создаден новиот Рајнско-вуперски округ, а неколку од општините влегле во веќе пораснатите градови Вупертал, Ремшајд и Золинген. Во 1932 г. се споени Милхајм и Виперфирт, образувајќи го Рајнско-бершкиот округ, кон кој во 1975 г. е придодадена и територијата на Рајнско-вуперскиот округ.

Географија уреди

Округот го сочинува западниот дел на Бершкиот крај, на местото каде ридовите на Зауерланд се спуштаат во долината на Рајна.

Градови и општини уреди

 
Општини во Рајнско-бершкиот округ.
Градови Општини
  1. Бершки Гладбах
  2. Буршајд
  3. Вермелскирхен
  1. Лајхлинген
  2. Оверат
  3. Ресрат
  1. Киртен
  2. Одентал

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди

51°01′N 7°12′E / 51.017° СГШ; 7.200° ИГД / 51.017; 7.200