Расољник (руски: рассольник) е традиционална руска супа направена од кисели краставичкии, пречистен јачмен и свински или говедски бубрези.[1] Исто така, постои вегетаријанска варијанта на расољник, која обично се прави за време на постот.[2] Јадењето е познато дека постоело уште во 15 век, кога било наречено калија. Расољник стана дел од заедничката советска кујна и денес е популарен и во Украина и Белорусија. Слично јадење има во Полска, каде е познато како зупа огоркова (буквално супа од краставица).

Расољник на ленинградски начин

Клучниот дел на расољник е расолот, течност направена од сок од кисели краставички и зачинето со разни зачини. Тоа е омилен третман за мамурлак.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Darra Goldstein (1999). A Taste of Russia: A Cookbook of Russian Hospitality. Russian Information Service. стр. 53. ISBN 9781880100424.
  2. „Recipe of vegan rassolnik“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2021-02-26.
  3. How to cook solyanka and rassolnik Архивирано на 19 ноември 2011 г. at solyanca.ru (руски)