Ранко Јованов Божиновски ( 1924 во Довезенце, Кумановско20 октомври 1944 во Треска, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршување на основното училиште се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил борец во Петтата чета на Вториот баталјон. Учествувал во сите борби што ги водела оваа единица. На 20 октомври кога неговата Бригада ги нападнала балистичките позиции близу Треска, тој загинал, откако единицата бил принудена да се повлече под притсок на новодојдените германски сили.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 177. На |first= му недостасува |last= (help)