Разговор:Главна страница/Расправа за добредојде

Една забелешка за јазикот уреди

На македонски пишуваме „добре дојдовте“, а не „добредојдовте“, како што тоа го велат србите и хрватите (во нивната верзија на овој поим). Вистина на многу места шитум МК може да се забележат грешки од типот: месара наместо месарница, книжара наместо книжарница и сл. што исто така не е во ред, ама ова „добредојде“ е ептен на почетокот на МК Википедија. Поздрав

КОМЕНТАР: Spored makedonskiot standarden literaturen jazik treba da stoi: "Dobrodojdovte", a ne "dobredojdovte". So 'o', a ne so 'e'.

ЗАБЕЛЕШКА НА КОМЕНТАРОТ: Провери во речникот на МК литературен јазик. Ако, сепак, сметаш дека си во право би сакал да ја видам референцата за „стандардот“... Мојата референца е веќе наведена. Провери. Поздрав.

Уште една мааала забелешка уреди

Ако не ве мрзи наместо „добредојдовте“ да напишете „добре дојдовте“ ќе биде не само добро туку и одлично. Голем поздрав

Правописно прашање уреди

Дали се пишува слеано („добредојдовте“) или разделено („добре дојдовте“)? Со Е (добре...) или со О (добро...)? Однапред благодарам.

Се пишува слеано или добредојде или добродојде по правописот. Добредојде ми има поопшто значење (за реклами, покани, итн), но се користи и за лични покани, додека добродојде ми има повеќе лично значење, звучи како кратенка од добро (ми) дојде. Така што се зависи од чувството на авторот и од текстот што следува. (Toci 22:41, 3 март 2008 (UTC))

Вака-така, се думав прилично како се пишува, па видов во правопис дека всушност било добре дојде. Ова е цитирано според Правопис на македонскиот литературен јазик, Просветно Дело, Скопје, 1984, параграф 97. По автоматизам, она Добредојдовте на главната страна би требало да значи дека не е усогласено со нашиот правопис. Сметам дека треба да се усогласи. -- Ф и  л  и п   што бе? 15:54, 7 март 2008 (СЕВ)
Нема збор „добре“ во македонски (освен лично име). Или е „добро дојдовте“ или „добредојдовте“. Тој правопис може да е застарен... --Crnorizec 22:24, 31 март 2008 (UTC)
Правописот не е променет од '69. А во тоа издание (променетото) стои добре дојдовте. Погледни го посочениот параграф... По истиот терк имаме: добар ден, добра вечер, добре дојде, добре најдов, до видување, до гледање... -- Ф и  л  и п   што бе? 07:00, 1 април 2008 (СЕВ)
Назад на страницата „Главна страница/Расправа за добредојде“.