Радила или Радела (грчки: Οδηγήτρια, Одигитрија; до 1926 г. Ραδέλα, Радела[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 55 жители (2011).

Радила
Οδηγήτρια
Радила is located in Грција
Радила
Радила
Местоположба во областа
Радила во рамките на Синтика (општина)
Радила
Местоположба на Радила во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°13′N 23°0′E / 41.217° СГШ; 23.000° ИГД / 41.217; 23.000
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно55
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа западно од градот Валовишта и јужно од Станица Порој, во подножјето на планината Круша, на надморска височина од 80 метри.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Радила било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Радила имало 300 жители Турци.[4]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 175 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 161 лице.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 45 бегалски семејства (вкупно 171 бегалец), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Одигитрија (Οδηγήτρια), во превод „патоводителка“.[2]

Стопанство уреди

Населението произведува жито, памук и други земјоделски производи, а поради поволните услови за сточарење внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 356 226 312 131 100 53 52 55
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Станица Порој, во кој е влегува и истоименото село.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 205–206.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 166. ISBN 954430424X.