Пучки Округ

округ во Поморското Војводство, Полска

Пучки Округ (полски: powiat pucki, кашупски: pùcczi pòwiat) — округ во Поморското Војводство, сместен на балтичкиот брег, северна Полска. Во 2017 г. имал вкупно население од 84.687 жители.[1]

Пучки Округ
powiat pucki
округ
Знаме на Пучки ОкругГрб на Пучки Округ
Општини во Пучкиот Округ
Општини во Пучкиот Округ
Земја Полска
ВојводствоПоморско
СедиштеПуцк
Општини7 (вкл. 4 градски)
Површина
 • Вкупно572 км2 (221 ми2)
Население (2017)[1]
 • Вкупно84.687
 • Густина146/км2 (380/ми2)
 • Градскo35.907
 • Селско48.780
Рег. таб.GPU
Мреж. местоstarostwo.puck.pl
Пучкиот Округ (црно) во рамките на Поморското Војводство.

Историја уреди

Округот има долга историја. Постоел за време на Полско-литванската Државна Заедница сè до 1795 г. и обновен во 1999 г. Денешниот округ е создаден на 1 јануари 1999 г. согласно управната реформа усвоена претходната година. Седиште на округот е гратчето Пуцк, сместено на 40 км северно од војводското седиште Гдањск. Има три града: Владиславово (16 км северно од Пуцк), Јастарња (18 км источно од Пуцк) и Хел (29 км источно од Пуцк), на крајот на Хелскиот Провлак.

Географија и местоположба уреди

Зафаќа површина од 577,85 км2. Во 2006 г. имал вкупно население од 74.196 жители, од кои 14,892 живееле во Владиславово, 11.329 во Пуцк, 4.033 во Јастарња, 3.898 во Хел, а 40.044 во селата.[2]

Пучкиот округ се граничи со градот Гдиња на југ и Вејхеровскиот Округ на југозапад. На исток се протега Пучкиот Залив, а на север е Балтичкото Море.

Управна поделба уреди

Округот е поделен на 7 општини, од кои три се градски, една градско-селска и три селски.

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2006)
Седиште
Пуцк градска 4,9 11.329  
Владиславово градско-селска 38,4 14.892 Владиславово
Јастарња градска 8,0 4.033  
Косаково селска 47,4 8.087 Косаково
Крокова селска 211,8 10.089 Крокова
Пуцк селска 243,3 21.868 Пуцк *
Хел градска 21,3 3.898  
* седиштето не е дел од општината

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

54°42′N 18°24′E / 54.700° СГШ; 18.400° ИГД / 54.700; 18.400{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница