Психолошка подготовка на шахистот

Психолошка подготовка на шахистот е шаховска книга, дело на рускиот велемајстор, психолог и теоретичар Николај Крогиус. Книгата е напишана во 1975 година и во неа е извршена анализа на сите елементи од шаховската партија, но не преку стручни совети на таблата, туку со совети од психолошки аспект. Во книгата се дадени одговори на прашања за тоа со колку варијанти може да се сретне шахистот во текот на партијата или што остава впечаток при оценката на конечната позиција. Делото претставува извонреден пример за улогата и значењето на психологијата во шахот. Книгата е напишана на руски јазик.

Психолошка подготовка на шахистот
Корицата на книгата
АвторНиколај Крогиус
Изворен насловПсихологическая подготовка шахматиста
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Содржина уреди

Делото е концентрирано пред сè на психологијата во шаховската борба, нервното напрегање за време на партијата коешто претставува работа за размислување не само за психолозите, туку и за самите шахисти. Содржината е исполнета со анализа на извадоци од партии, одиграни меѓу најдобрите шахисти, како и нивната психолошка подготовка за време на клучните моменти од партијата.

Книгата содржи воведен дел, посветен општо за борбата во шаховската партија, по кој авторот во главата насловена „Како се подготвуваат“, го опишува начинот на подготовка на шахистите пред партијата.

Третата и четвртата глава се однесуваат на анализа на партијата и однесувањето на шахистите, пред сè при клучните потези, како и нивната психолошка цврстина во анализа на варијантите.

Петтата глава, која е насловена „Хронометрија“ посветува внимание на можеби најзначајниот фактор кој предизвикува психолошки притисок врз шахистите за време на партијата, а тоа е времето на располагање. Во оваа глава посебно е опишан „цајтнотот“, а авторот понудува и шест чекори за избегнување на незгодната ситуација со „цајтнот“:

  1. Оставање на време како резерва.
  2. Воведување во средишницата со контрола.
  3. Размислување додека противникот е на потег.
  4. Брза игра во отворањето.
  5. Метод „упростување“.
  6. Откажување од средствата за заштита.

Останатите глави во содржината на книгата, главно се однесуваат на анализа на самите противници, како и нивниот однос за време на партијата.

Стил на пишување уреди

Како извонреден пример, кој врши анализа на елементите во шахот од едно поразлично гледиште, делото е напишано со употреба на висок стил, кој главно се однесува на поимањето на советите предложени од авторот за време на партијата. Партиите и извадоците се поткрепени со дијаграми на кои се претставени критичните позиции во партиите, но анализата на позицијата отсуствува, бидејќи е заменета со анализа на пристапот и размислувањата на шахистите во дадената позиција. Од големо значење е фактот што во својата анализа, авторот се послужил со размислувањата на најдобрите шахисти во дадена ситуација, кои се одлично разпоредени и овозможуваат полесно сфаќање на суштината.

Дополнето издание уреди

Во 1979 година е отпечатено второто издание од книгата. По извршената ревизија од страна на велемајсторот Владимир Антошин, извршени се измени, но пред сè дополнувања.

Надворешни врски уреди