Протоѕвезда е широко небесно тело што се формира со собирање на гасот од џиновски молекуларен облак. Фазата наречена протоѕвезда е најраниот стадиум во процесот на ѕвездениот развој. За ѕвезда со маса колку нашето Сонце оваа фаза трае околу 100.000 години. Започнува со јадро кое ја зголемува својата густина во молекуларен облак, а завршува со формирање на ѕвезда од типот T Tauri, која потоа влегува во главната фаза. Ова е навестено од сончевиот ветер од типот T Tauri, вид на супер сончев ветер кој ја обележува промената одѕвезда која насобира маса во ѕвезда која зрачи со енергија.

Протоѕвезда во глобула (уметнички приказ).

Наводи уреди

  • Larson, R.B. (2003), The physics of star formation, Reports on Progress in Physics, vol. 66, issue 10, pp. 1651-1697

Надворешни врски уреди