Пристаниште Дортмунд

Изградбата на пристаништето Дортмунд кој завршува на каналот Дортмунд-Емс, поврзувајќи го Дортмунд со Северното Море започнала во 1895. Бил отворен во 1899 од царот Вилхелм. На почетокот на 20-пт век главно бил користен за увоз и извоз на пченица, јаглен и железо. Пристаништето било проширено во 1920-тите и 1930-тите со додавање нови докови, како и административната инфраструктура (Dortmunder Hafenamt). Денес, пристаништето Дортмунд е најголемото канализирано европско пристаниште со 10 докови и должина од 11 километри.

Пристаниште Дортмунд

Освојување на неговата најголема важност по Втората светска војна, во 1972 6,2 милиони тони на добра биле транспортирани низ пристаништетот. Но, дури и завршувањето на контејнерското пристаниште во 1987 година не можело да го спречи опаѓањето на пристаништето, како последица на индустријата на јаглен и челик во Дортмунд

Знаменитата стара пристанишна управа (Altes Hafenamt)
Контејнерско пристаниште

2,96 тони товар биле испратени од пристаништето во Дортмунд во 2007, зголемување за 7,1 процент од претходната година.[1]

Испратена стока(2006)[2]
Добра тони
Градежни материјали 934.000
Минерали 647.000
Контејнер 523.000
Железо и челични производи 334.000
Отпад и рециклирање 216.000
Јаглен и кокс 272.000
Други 34.000

Во процесот на обновата на индустријата во областа Рур и во Дортмунд, локалните политичари бараат нови начини за користење на старото пристаниште. Планирани се проекти за изградба на марина и висококвалитетна зона за рекреација и живеење блиску до водата.

Во 2005 г. е започнато првото разонодно подрачје.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Вести“ (германски). Пристаниште Хаген АГ. 2008-02-21. Посетено на 29 февруари 2008. [мртва врска]
  2. Податоци и факти (германски). Пристаниште Дортмунд АГ. Архивирано од изворникот 2007-09-28. Посетено на 29 февруари 2008.

51°31′33″N 7°26′34″E / 51.52583° СГШ; 7.44278° ИГД / 51.52583; 7.44278