Приморски Алпи (римска провинција)

Приморски Алпи (латински: Alpes Maritimae) била римска провинција, една од трите мали покраини кои се протегале на Алпите помеѓу денешните Франција и Италија. Била создадена во 14 г. п.н.е. од страна на Октавијан Август. Нејзин главен град бил Цеменелум, денеска градски регион во Ница, Франција.

Римското Царство во 117 година, покраината Приморски Алпи е обележана со црвено.

Провинцијата му го дала името на денешниот департман Приморски Алпи.

Поврзано уреди