Пренасочување на повик

Пренасочување на повик – дополнителна телекомуникациска услуга која овозможува пренасочување на дојдовен повик на друго одредиште, кое може да биде мобилен телефон, говорно сандаче или друг телефонски број каде повиканиот корисник е достапен.

Опис уреди

Постојат неколку вида пренасочувања на повик врз основа на тоа кога да се врши пренасочување.

Безусловно пренасочување на повик уреди

Доколку корисникот сака да биде достапен во секој момент, оваа услуга му овозможува сите повици што ќе пристигнат на неговиот телефон автоматски да се пренасочуваат на друг телефонски број што самиот го определил.

Пренасочување кога бројот е зафатен уреди

Оваа услуга му овозможува на корисникот во случај кога неговата телефонска линија е зафатена, повиците што пристигаат да се пренасочуваат на друг телефонски број што самиот го определил.

Пренасочување при неодговарање на повикот уреди

Оваа услуга му овозможува на корисникот во случај кога не одговара на повикот после одреден број на ѕвонења, повикот да се пренасочи на друг телефонски број што самиот го определил.

Пренасочување кога корисникот не е достапен уреди

Оваа услуга му овозможува на корисникот кога е надвор од мрежно покривање, повикот да го пренасочи на друг телефонски број што самиот го определил. Истата е применлива само за мобилните телефони.

Начин на користење уреди

Услугата по потреба може да се активира или да ја деактивира со внесување на соодветен код.

Безусловно пренасочување на повик уреди

  • Активирање: * 21 * телефонски број #
  • Деактивирање: # 21 #

Пренасочување кога бројот е зафатен уреди

  • Активирање: * 67 * телефонски број #
  • Деактивирање: # 67 #

Пренасочување при неодговарање на повикот уреди

  • Активирање: * 61 * телефонски број #
  • Деактивирање: # 61 #

При внесување на соодветниот код на телефонскиот апарат, корисникот ќе слушнет говорна порака или тон на потврда дека услугата е активирана или деактивирана.

Историја уреди

Во Македонија услугата е воведена во средината на деведесеттите години на 20 век со пуштањето во сообраќај на дигиталните централи EWSD и Alcatel E10[1].

Наводи уреди

  1. Костовски, Ристо (1998). Македонска пошта, Македонски телекомуникации. Скопје: Ми-Ан. стр. 161. ISBN 9989-613-03-6.