Премиер лига на Англија 2001-2002

Премиер лига на Англија 2001-2002 била 103-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 10-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 18 август 2001, а завршила на 11 мај 2002, со триумф на екипата на Арсенал.

Премиер лига на Англија 2001-2002
Barclaycard Premiership 2001-2002
Logo of competition
Натпреварување Премиер лига на Англија
Спорт Фудбал
Издание 103-то
Период од: 18 август 2001
до: 11 мај 2002
Држава  Англија
Резултати
Шампион Арсенал Арсенал
12. титула
Лига на шампиони
Куп на УЕФА
Интертото куп
Испаднале Ипсвич Таун Ипсвич Таун
Дарби Каунти Дарби Каунти
Лестер Сити Лестер Сити
Статистика
Најдобар стрелец Франција Тјери Анри
(24 гола)
Одиграни натпревари 380
Постигнати голови 1.001 (2,63 по натпревар)
Хронологија на натпреварувањето
2000–01 2002–03

Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Фулам, Блекбурн Роверс и Болтон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2000-2001. Тие ги замениле Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.

Арсенал ја освоил титулата на 8 мај 2002 година после победата во директниот дуел со најблискиот гонител, Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд, во претпоследниот натпревар од сезоната. Поразот на црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. Во последното коло немало промени на водечките позиции па Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ги задржале исти своите позиции какви што биле и пред тоа и заедно со четвртиот, Њукасл Јунајтед, обезбедиле место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Петтопласираниот Лидс Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Блекбурн Роверс, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона. Бидејќи победникот на ФА Купот, Арсенал, веќе се пласирал за европските купови преку првенството, поразениот тим во финалето, екипата на Челси, исто така изборила пласман во Купот на УЕФА. Четвртиот и последен англиски клуб кој стекнал право да учествува во ова натпреварување за следната сезона била екипата на Ипсвич Таун која се квалификувала како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј.

Астон Вила и Фулам биле двата англиски клуба кои учествувале во Интертото купот 2002.

Ипсвич Таун, Дарби Каунти и Лестер Сити биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.

Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 24 постигнати гола.

Општо уреди

Формула уреди

Сезоната 2001-2002 во Премиер лигата на Англија, била првото издание на првенството спонзорирано од Барклис, една од најголемите банки во Велика Британија. Почнувајќи од оваа сезона, лигата добила уште едно место во Лигата на шампионите, па така од оваа сезона во елитното европско клупско натпреварување можеле да се квалификуваат 4 англиски екипи наместо дотогашните 3. Причина за тоа бил фактот што лигата ја надминала по коефициентот германската Бундеслига на рангирањето на УЕФА. Според тоа, на крајот од сезоната двете првопласирани екипи ќе се квалификуваат директно за групната фаза на Лигата на шампионите, додека третиот и четвртиот ќе играат во последното квалификациско коло за натпрвеварувањето. Петто рангираната екипа и победниците на ФА Купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Првата дивизија.

Новини уреди

Пред почетокот на сезоната, Саутхемптон се преселиле на својот нов стадион Сент Мери, напуштајќи го нивниот дотогашен домашен терен Дел по 103 години играње на него.

Промена на екипи уреди

Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2001-2002, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2000-2001, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 2000-2001, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Фулам, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија после цели триесет и три години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 1967-1968, потоа Блекбурн Роверс, кои се вратиле по две година отсуство и испаѓањето во сезоната 1998-1999, и Болтон Вондерерс, кој како победник на плејофот е повратник во "елитното друштво" по три години отсуство, поточно за првпат по сезоната сезоната 1997-1998, кога испаднале само поради полошата гол-разлика од Евертон. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити.

Настани уреди

Првото издание на Премиер лигата спонзорирано од Барклис, донело отворена борба за титулата како никогаш порано,[1] а потстрек повеќе затоа бил и фактот што лигата ја надминала германската Бундеслигата на рангирањето на УЕФА и добила уште едно место во Лигата на шампионите (4 места наместо досегашните 3). Цели шест екипи се нашле во отворена битка за титулата, сè до неколку кола пред крајот.

После првите три кола, единствената екипа со максимален учинок во лигата била Болтон Вондерерс. Тие го држеле првото место до петтото коло, кога после поразот на домашен терен од Саутхемптон (кои во тој натпревар ги освоиле своите први бодови во сезоната) им дозволиле на Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед да ги престигнат и да го преземат врвот. Во осмото коло е виден еден од најзаборавните натпревари и пресврти во историјата на Премиер лигата, во натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед: домаќините воделе со 3-0 на полувремето, но Црвените ѓаволи не се откажале и со пет голови во второто полувреме во мрежата на Спарс успеале да се вратат и да забележат победа од 3-5. Успехот ги донел до второто место на табелата со еднаков број на бодови со Арсенал и три бода помалку од лидерот Лидс Јунајтед. Лидс останале лидери до 14-тото коло, кога нивниот киск и ремито 1-1 на домашен терен со Астон Вила, го искористил Ливерпул за да изедначи со нив на врвот. Истото коло донело и пресметка во Лондон помеѓу двете екипи кои доминирале во англискиот фудбал во последните неколку години, Арсенал и Манчестер Јунајтед; иако губеле на полувремето со 1-0, топчиите успеале да направат целосен пресврт во второто полувреме и со головите на Фредрик Јунгберг и два на Тјери Анри да го победат лутиот ривал. Во следното коло, новото реми на Лидс и победата на Ливерпул им овозможува на црвените на Жерар Улије да останат осамен лидер на табелата по 15 кола, со два бода повеќе од белите, три од Њукасл Јунајтед и четири од Арсенал. Манчестер Јунајтед после уште еден тежок пораз, овојпат на домашен терен со 0-3 од Челси се чини се повеќе заостанува во борбата за титулата и ќе му биде многу тешко да го одбрани насловот освоен во претходната сезона. За време на Boxing Day, Ливерпул влегува во криза, а првенството добива нов лидер, Њукасл Јунајтед. На половина од првенството, токму тие останале во водство, но по поразот во последното коло играно во 2001 година од Челси, по 20 кола заедно со нив на врвот на табелата се изедначил Арсенал. Зад водечкиот тандем се наоѓале Лидс на -1, Ливерпул на -2, Манчестер Јунајтед на -3 и Челси на -6. На дното на табелата исто така се водела голема битка: Дарби, Ипсвич и Лестер биле трите клуба во зоната за испаѓање, додека пред нив со три бода повеќе биле Саутхемтпон, Мидлсбро, Болтон и Блекбурн.

На почетокот на 2002 година, трката за титулата останала широко отворена, со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед како најсериозни кандидати, а од позадина демнеле Ливерпул и Челси. Во 23-тото коло, Манчестер Јунајтед за првпат излегол на чело на табелата со бод повеќе од Арсенал. Кризата е се повоочлива во редовите на Лидс кој на почетокот на февруари веќе заостанале со повеќе од 10 бодови зад лидерот. Како одминувало времето се подалеку од битката за титулата останале и Њукасл Јунајтед и Челси, кои не можеле да го следат темпото кое го наметнале Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул. Јунајтед останале лидери сè до 30-тото коло, кога по неочекуваниот кикс и поразот на домашен терен со 1-0 му ја предале лидерската позиција на Арсенал. Тоа значело и крај на нивните шампионски амбиции затоа што топџиите од тој момент не го испуштиле водството и го завршиле првенството со импресивна низа од 13 победи. За да биде се уште подобро за Арсенал и нивните навивачи, титулата била математички потврдена на едно коло пред крајот, кога на Олд Трафорд тие го совладале токму својот главен конкурент за титулата со 1-0 благодарение на голот на Силван Вилтор. Поразот на Црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. На крајот Арсенал прв со седум бода пред Ливерпул и тие заедно со третиот Манчестер Јунајтед и четвртиот Њукасл Јунајтед се пласирале во Лигата на шампионите, додека Лидс Јунајтед и Челси како петти односно шестти избориле пласман во Купот на УЕФА. На другиот крај од табелата во понизок ранг се преселиле Ипсвич, Дарби и Лестер Сити, како трите последнопласирани екипи.

Екипи уреди

Екипи учеснички уреди

Стадиони и локации уреди

Екипа Сезона Град Стадион Претходна сезона
Арсенал детали Лондон Стадион Арсенал 2. место во Премиер лигата
Астон Вила детали Бирмингем Вила Парк 8. место во Премиер лигата
Блекбурн Роверс детали Блекбурн Ивуд Парк 2. место во Првата дивизија, промоција
Болтон Вондерерс детали Болтон Рибок 3. место во Првата дивизија, промоција преку плејоф
Вест Хем Јунајтед детали Лондон Болејн Граунд 15. место во Премиер лигата
Дарби Каунти детали Дарби Прајд Парк 17. место во Премиер лигата
Евертон детали Ливерпул Гудинсон Парк 16. место во Премиер лигата
Ипсвич Таун детали Ипсвич Портман Роуд 5. место во Премиер лигата
Лестер Сити детали Лестер Филберт Стрит 13. место во Премиер лигата
Ливерпул детали Ливерпул Анфилд 3. место во Премиер лигата
Лидс Јунајтед детали Лидс Еланд Роуд 4. место во Премиер лигата
Манчестер Јунајтед детали Манчестер Олд Трафорд Шампион на Англија
Мидлсбро детали Мидлсбро Риверсајд 14. место во Премиер лигата
Њукасл Јунајтед детали Њукасл на Тајн Сент Џејмсис Парк 11. место во Премиер лигата
Сандерленд детали Сандерленд Стедиум оф Лајт 7. место во Премиер лигата
Саутхемптон детали Саутхемптон Сент Мери 10. место во Премиер лигата
Тотенхем детали Лондон Вајт Харт Лејн 12. место во Премиер лигата
Фулам детали Лондон Крејвен Котиџ 1. место во Првата дивизија, промоција
Чарлтон детали Лондон Вали 9. место во Премиер лигата
Челси детали Лондон Стемфорд Бриџ 6. место во Премиер лигата

Личности и спонзори уреди

Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец[2] Опрема Спонзор
Арсенал   Арсен Венгер   Тони Адамс   Тјери Анри (24) Nike Dreamcast/Sega1
Астон Вила   Џон Грегори (1.-23. коло)
  Џон Дихан (24.-25. коло)
  Греам Тејлор (26.-38. коло)
  Пол Мерсон   Хуан Пабло Анхел (12) Diadora NTL
Блекбурн Роверс   Грем Сунес   Гари Флиткрофт   Мат Јансен (10) Kappa Time
Болтон Вондерерс   Сем Алардајс   Гудни Бергсон   Мајкл Рикетс (12) Reebok Reebok
Вест Хем Јунајтед   Глен Редер   Стив Ломас   Фредерик Кануте (11) Fila Dr. Martens
Дарби Каунти   Џим Смит (1.-8. коло)
  Колин Тод (9.-22. коло)
  Били МекИван (23.-24. коло)
  Џон Грегори (25.-38. коло)
  Дерил Пауел   Малколм Кристи,
  Фабрицио Раванели (9)
Erreà Pedigree
Евертон   Волтер Смит (1.-29. коло)
  Дејвид Мојс (30.-38. коло)
  Дејвид Вир   Томаш Радзински,
  Данкан Фергусон (6)
Puma One 2 One
Ипсвич Таун   Џорџ Барли   Мат Холанд   Маркус Бент (9) Punch TXU Energi
Лестер Сити   Питер Џон Тејлор (1.-8. коло)
  Дејв Басет (9.-34. коло)
  Мики Адамс (35.-38. коло)
  Мат Елиот   Брајан Дин (6) Le Coq Sportif LG
Ливерпул   Жерар Улије   Џејми Реднап   Мајкл Овен (19) Reebok Carlsberg
Лидс Јунајтед   Дејвид О'Лири   Рио Фердинанд   Роби Фаулер (12) Nike Strongbow
Манчестер Јунајтед   Алекс Фергусон   Рој Кин   Руд ван Нистелрој (23) Umbro Vodafone
Мидлсбро   Стив Мекларен   Пол Инс   Ален Бокшиќ (8) Erreà BT Cellnet
Њукасл Јунајтед   Боби Робсон   Алан Ширер   Алан Ширер (23) Adidas NTL
Сандерленд   Питер Рид   Мајкл Греј   Кевин Филипс (11) Nike Reg Vardy
Саутхемтпон   Стјуарт Греј (1.-8. коло)
  Гордон Страхан (9.-38. коло)
  Мат Ле Тесије   Маријанс Пахарс (14) Saints Friends Provident
Тотенхем   Глен Ходл   Тим Шервуд   Густаво Појет,
  Теди Шерингам (10)
Adidas Holsten
Фулам   Жан Тигана   Енди Мелвил   Стед Малбранк,
  Луј Саа,
  Бари Хејлес (8)
Adidas Pizza Hut
Чарлтон   Алан Карбишли   Марк Кинсела   Џејсон Јуел (11) Le Coq Sportif Redbus
Челси   Клаудио Раниери   Марсел Десаи   Џими Флојд Хаселбајнк (23) Umbro Fly Emirates

Завршна табела уреди

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
  1.   Арсенал 87 38 26 9 3 79 36 +43
2.   Ливерпул 80 38 24 8 6 67 30 +37
3.   Манчестер Јунајтед 77 38 24 5 9 87 45 +42
4.   Њукасл Јунајтед 71 38 21 8 9 74 52 +22
5.   Лидс Јунајтед 66 38 18 12 8 53 37 +16
[3] 6.   Челси 64 38 17 13 8 66 38 +26
7.   Вест Хем Јунајтед 53 38 15 8 15 48 57 -9
8.   Астон Вила 50 38 12 14 12 46 47 -1
9.   Тотенхем 50 38 14 8 16 49 53 -4
[4] 10.   Блекбурн Роверс 46 38 12 10 16 55 51 +4
11.   Саутхемптон 45 38 12 9 17 46 54 -8
12.   Мидлсбро 45 38 12 9 17 35 47 -12
13.   Фулам 44 38 10 14 14 36 44 -8
14.   Чарлтон 44 38 10 14 14 38 49 -11
15.   Евертон 43 38 11 10 17 45 57 -12
16.   Болтон 40 38 9 13 16 44 62 -18
17.   Сандерленд 40 38 10 10 18 29 51 -22
[5]   18.   Ипсвич Таун 36 38 9 9 20 41 64 -23
  19.   Дарби Каунти 30 38 8 6 24 33 63 -30
  20.   Лестер Сити 28 38 5 13 20 30 64 -34

Легенда:

      Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2002-2003.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2002-2003.
      Се квалификува за третото квалификациско коло на УЕФА Лига на шампиони 2002-2003.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 2002-2003.
      Се квалификува за третото и второто коло на УЕФА Интертото куп 2002.
      Испаѓа во Прва дивизија 2002-2003.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднакви бодови, екипите се рангираат според гол-разликата.

Дополнување:

Ипсвич Таун се квалификува за Купот на УЕФА 2002-2003 како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј.

Шампионскиот тим уреди

Формација Играчи (настапи)
  Дејвид Симан (17)
  Лоран (27)
  Мартин Кион (22)
  Сол Кембел (31)
  Ешли Кол (29)
  Фредрик Јунгберг (25)
  Патрик Виера (36)
  Реј Парлор (27)
  Робер Пирес (28)
  Силван Вилтор (32)
  Тјери Анри (33)
Менаџер:   Арсен Венгер
Останати играчи: Денис Бергкамп (33), Жил Гриманди (26), Нванкво Кану (23), Џовани ван Бронкхорст (21), Олег Лужни (18), Еду (14), Метју Апсон (14), Ли Диксон (13), Ричард Рајт (12), Тони Адамс (10), Стјуарт Тејлор (10), Френсис Џеферс (6), Игорс Степановс (6), Жереми Алијадиер (1).

Резултати уреди

Табеларен приказ уреди

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 28 јануари 2022.

Екипа АРС АСВ БЛЕ БОЛ ВХЈ ДАР ЕВЕ ИПС ЛЕС ЛИВ ЛИД МНЈ МИД ЊУК САН САУ ТОТ ФУЛ ЧАР ЧЕЛ
Арсенал –––– 2-0 0-0 1-0 2-1 3-0 2-1 2-1 4-2 5-0 1-1 2-1 4-1 3-2 1-1 2-0 2-1 0-0 2-1 2-1
Астон Вила 0-2 –––– 2-2 0-2 1-1 3-2 0-0 3-1 0-0 2-0 0-2 1-1 0-2 0-0 2-1 1-0 1-0 3-0 2-1 3-2
Блекбурн 0-3 0-0 –––– 0-4 2-0 2-2 3-0 0-1 0-3 4-1 1-2 2-1 3-1 1-1 2-0 2-1 1-0 2-2 1-2 0-0
Болтон 0-2 0-2 1-1 –––– 3-4 5-1 2-1 1-0 1-3 1-2 1-0 2-3 2-2 1-1 1-2 1-1 1-0 0-2 0-1 2-3
Вест Хем Јунајтед 1-1 2-2 0-1 2-2 –––– 1-1 2-0 2-2 2-2 4-1 1-2 1-3 2-0 1-0 1-0 0-0 2-0 0-2 0-0 0-2
Дарби 1-3 0-4 1-1 2-2 1-2 -––– 2-1 4-3 1-1 3-1 1-0 1-0 2-0 1-1 0-0 1-4 0-2 2-1 0-4 0-5
Евертон 1-1 2-0 1-0 0-1 1-2 2-0 –––– 3-2 0-3 4-0 3-4 0-0 1-1 2-2 1-0 0-0 3-1 3-1 0-1 0-1
Ипсвич 1-1 0-5 0-2 2-0 1-1 0-0 1-1 –––– 0-0 4-0 1-4 1-1 0-0 1-1 3-1 2-2 1-2 0-2 1-1 0-4
Лестер Сити 1-2 1-0 3-1 4-0 3-1 1-0 0-0 2-1 –––– 3-1 1-2 2-1 2-0 1-1 3-0 1-2 0-0 0-0 0-1 1-2
Ливерпул 1-4 0-0 0-2 2-1 0-2 4-1 1-1 3-2 2-2 –––– 0-1 2-1 0-3 2-2 1-2 0-0 0-1 3-2 3-3 1-1
Лидс Јунајтед 0-0 4-0 3-0 2-1 4-0 1-0 3-2 1-0 0-1 1-1 –––– 3-1 2-3 0-0 3-0 3-2 3-0 1-3 2-0 1-1
Манчестер Јунајтед 1-2 4-1 0-0 1-1 6-2 3-3 5-1 0-3 2-2 1-1 4-1 –––– 0-1 1-0 1-1 1-3 0-0 0-0 1-1 0-1
Мидлсбро 0-4 1-2 5-3 0-1 2-0 2-0 1-0 3-3 0-0 2-3 0-1 2-1 –––– 0-1 0-0 3-1 1-0 2-1 0-0 1-2
Њукасл Јунајтед 0-0 1-1 0-1 0-1 0-0 1-1 4-2 3-1 1-1 1-0 1-2 3-0 2-1 –––– 3-0 1-0 4-0 3-1 3-1 2-1
Сандерленд 1-1 2-1 3-1 1-2 4-0 0-0 1-2 0-2 1-0 6-1 1-0 4-2 5-1 1-1 –––– 1-0 2-0 1-1 1-2 0-2
Саутхемптон 0-1 1-1 0-0 2-0 1-2 2-0 3-3 0-0 2-0 2-1 1-0 0-2 0-1 3-3 3-0 –––– 1-0 0-0 3-2 0-1
Тотенхем 2-2 2-1 4-1 1-0 0-1 5-2 3-0 4-4 2-1 2-1 1-2 1-1 0-0 1-0 4-3 1-3 –––– 0-3 0-1 0-1
Фулам 0-1 1-2 0-0 3-4 2-1 0-0 2-1 2-0 1-2 2-0 1-1 2-2 3-2 2-3 2-0 2-0 2-1 –––– 2-0 0-1
Чарлтон 1-1 1-2 1-1 3-2 1-2 2-0 2-2 2-2 3-2 0-1 0-2 0-3 1-0 0-0 1-1 2-1 2-4 3-1 –––– 4-2
Челси 1-2 1-0 0-0 2-2 1-2 5-2 0-0 2-1 0-1 1-0 1-0 1-0 0-0 5-0 3-0 4-0 4-2 2-1 1-0 ––––

Статистика уреди

Екипна уреди

Лидери на табелата уреди

Извор:[6]

————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
Болтон ВондерерсЛидс ЈунајтедЛиверпулЊукаслАрсеналМанчестер ЈунајтедАрсенал
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Факти и бројки уреди

  • Најголем број на победи: Арсенал (26)
  • Најмал број на порази: Арсенал (3)
  • Најдобар напад: Манчестер Јунајтед (87 постигнати гола)
  • Најдобра одбрана: Ливерпул (30 примени гола)
  • Најдобра гол-разлика: Арсенал (+43)
  • Најголем број на нерешени: Астон Вила, Фулам и Чарлтон (14)
  • Најмал број на нерешени: Манчестер Јунајтед (5)
  • Најголем број на порази: Дарби Каунти (24)
  • Најмал број на победи: Лестер Сити (5)
  • Најслаб напад: Сандерленд (29 постигнати голови)
  • Најслаба одбрана: Ипсвич Таун и Лестер Сити (64 примени голови)
  • Најлоша гол-разлика: Лестер Сити (-34)

Индивидуална уреди

Листа на стрелци уреди

Извор:[2]

Гол Пенали Играч Клуб
24 4   Тјери Анри   Арсенал
23 3   Џими Флојд Хаселбајнк   Челси
23 4   Руд ван Нистелрој   Манчестер Јунајтед
23 5   Алан Ширер   Њукасл Јунајтед
19 1   Мајкл Овен   Ливерпул
17 0   Оле Гунар Солшер   Манчестер Јунајтед
15 2   Роби Фаулер   Ливерпул (3)
  Лидс Јунајтед (12)
14 1   Ејдјур Гудјонсен   Челси
14 1   Маријанс Пахарс   Саутхемптон
13 0   Енди Кол   Манчестер Јунајтед (4)
  Блекбурн Роверс (9)
12 0   Дариус Васел   Астон Вила
12 0   Фредрик Јунгберг   Арсенал
12 0   Мајкл Рикетс   Болтон
12 2   Хуан Пабло Анхел   Астон Вила
12 2   Џејмс Бити   Саутхемптон

Листа на асистенти уреди

Извор:[7]

Асистенции Играч Клуб
15   Робер Пирес   Арсенал
12   Денис Бергкамп   Арсенал
12   Рајан Гигс   Манчестер Јунајтед
11   Лоран Робер   Њукасл Јунајтед
9   Марк Винус   Ипсвич Таун
9   Нолберто Солано   Њукасл Јунајтед
9   Оле Гунар Солшер   Манчестер Јунајтед
8   Дејвид Бекам   Манчестер Јунајтед
8   Бенито Карбоне   Дарби Каунти
  Мидлсбро
8   Стивен Џерард   Ливерпул

Награди уреди

Месечни награди уреди

Месец Менаџер на месецот Клуб Играч на месецот Клуб
Август   Сем Алардајс Болтон   Луј Саа Фулам
Септември   Џон Грегори Астон Вила   Хуан Себастијан Верон Манчестер Јунајтед
Октомври   Глен Ходл Тотенхем   Рио Фердинанд Лидс Јунајтед
Ноември   Фил Томпсон Ливерпул   Дани Марфи Ливерпул
Декември   Боби Робсон Њукасл Јунајтед   Руд ван Нистелрој Манчестер Јунајтед
Јануари   Гордон Страхан Саутхемптон   Маркус Бент Ипсвич Таун
Февруари   Боби Робсон Њукасл Јунајтед   Руд ван Нистелрој Манчестер Јунајтед
Март   Жерар Улије
  Фил Томпсон
Ливерпул   Денис Бергкамп Арсенал
Април   Арсен Венгер Арсенал   Фредрик Јунгберг

Годишни награди уреди

Награда Добитник Клуб
Менаџер на сезоната во Премиер лигата   Арсен Венгер Арсенал
Играч на сезоната во Премиер лигата   Фредрик Јунгберг Арсенал
ПФА Фудбалер на годината   Руд ван Нистелрој Манчестер Јунајтед
ПФА Млад играч на годината   Крег Белами Њукасл Јунајтед
АФН Фудбалер на годината   Робер Пирес Арсенал
ПФА Тим на годината
Голман   Шеј Гивен (Њукасл Јунајтед)
Одбрана   Стив Финан (Фулам)   Рио Фердинанд (Лидс Јунајтед)   Сами Хупија (Ливерпул)   Вејн Бриџ (Саутхемптон)
Среден ред   Робер Пирес (Арсенал)   Рој Кин (Манчестер Јунајтед)   Патрик Виера (Арсенал)   Рајан Гигс (Манчестер Јунајтед)
Напад   Руд ван Нистелрој (Манчестер Јунајтед)   Тјери Анри (Арсенал)

Наводи уреди

  1. Резиме на сезоната Архивирано на 4 ноември 2008. Премиер лига на Англија 2001-2002, на официјалниот сајт
  2. 2,0 2,1 „Premier League 2003/2004 .:. Top scorers“ (англиски). worldfootball.net. Посетено на 26 март 2020.
  3. Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2002-2003 како вицешамион на ФА Купот, откако победникот (екипата на Арсенал) веќе се квалификувал за европските купови преку првенството.
  4. Се квалификува за Купот на УЕФА 2002-2003 како победник на Лига купот 2001-2002.
  5. Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2002-2003 како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј.
  6. Premier League 2001/2002 .:. 38. Round
  7. „Statistical Leaders – 2002“. Premier League. Архивирано од изворникот 24 June 2017. Посетено на 5 May 2018.

Надворешни врски уреди