Потенцијал за атомско заемодејство

Потенцијалите за атомско заемодејство или интератомски потенцијали се математички функции за пресметување на потенцијалната енергија на систем од атоми чии просторни координати се познати. Овие потенцијали се користат како физичка основа за симулации на молекуларна механика или молекуларна динамика во области на хемијата, молекуларната физика и физиката на материјали. Неретко, потенцијалите за атомско заемодејство се надополнети со функции за кохезија, топлинска дилатација или растегливост.

Типичен облик на меѓуатомски заемен потенцијал.