Портата на пеколот (филм од 1953)

„Портата на пеколот“ или „Џигокумон“ (јапонски: 地獄門) — јапонски филм од 1953 година, во режија на Теиносуке Кинугаса, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Казуо Хасегава, Мачико Кјо, Исао Јамагата и Јатаро Курокава.[1] Филмот освоил вкупно седум награди меѓу кои и: еден „Оскар“, една почесна награда на Американската филмска академија и големата награда на Канскиот филмски фестивал.[2]

Синопсис уреди

За време на бунтот во 1160 година, самурајот Морито (го игра Хасегава) ја спасува дамата Кеса (ја игра Кјо) и се вљубува во неа. Тој сака да се ожени со неа, но дознава дека таа е веќе омажена. Затоа, Морито, одлучува да го понижи нејзиниот сопруг Ватару (го игра Јамагата) кого го победува во трката со коњи. Кеса му е верна на сопругот, но Морито со измама ѝ закажува состанок при што се заканува дека, ако не се омажи за него, ќе ги убие неа и нејзиниот сопруг. Тогаш, Кеса му предлага на Морито ноќта да го убие Ватару, но го замолува сопругот да спие во нејзината соба, додека таа оди спие во неговата соба. Ноќта, Морито влегува во собата на Ватару, замавнува со сабјата и тогаш сфаќа дека ја убил Кеса. Очаен, Морито бара од Ватару да го убие, но тој одбива.

Наводи уреди