Портал:Филм/Избрана биографија/2008/октомври

Хилари Ернхард Даф (англиски: Hilary Erhard Duff) (родена 28 септември 1987) е американска глумица, пејачка итн. Откако Даф ја започнува својата кариера во телевизиската серија Лизи МигВајр како младата Лизи Мигвајр целиот нејзин живот засекогаш се менува. По успехот во дизниевата серија почнува професионално да се занимава со филмот. Најпознати филмови за Хилари се Приказна за една Пепелашка, Лизи МигВајр филмот и други.

По прославувањето Даф открива уште еден нејзин талент: пеењето. Даф го користи нејзиниот прекрасен глас и станува и позната поп пејачка. Има издадено многу албуми и нејзината музичка кариера сè повеќе расте. Има многу шпекулации дека Даф го напушта филмскиот свет бидејќи има доволно пари и сега се посветува на музиката но тоа не е точно. Во последно време Даф има снимено и многу други филмови.

Но нејзините таленти не завршуваат тука таа е и одличен текстописец, филмски продуцент и исклучителен моден творец. Хилари Даф се има прославено поради нејзините многу бројни таленти, нејзината убавина, глас и водењето еден вид нормален живот за разлика од други познати личности како Линдзи Лохан, Парис Хилтон и Бритни Спирс.

Покрај нејзината кариера таа е прогласена за една од најубавите девојки на планетата. Некои со еден збор ја опишуваат како „боженствена“ а некои како „полна со таленти“, но самата Хилари вели дека покрај убавината се што таа достигнала во својот живот е плод на нејзините таленти а не на сексапилот.

повеќе...