Портал:Крстоносни војни

уреди   

КРСТОНОСНИ ВОЈНИ

Крстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Темплари — витешки ред основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сè до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал. Прочитајте повеќе


уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека Катарската војна е позната и како Албижански поход и траела цели 20 години (1209-1229)?
  • ... дека на 2 октомври 1187, Крстоносците го изгубиле Ерусалим во борбите против султанот Саладин, по што градот никогаш целосно не бил во Христијански раце?
  • ... дека во Втората крстоносна војна, целта била да се освои градот Дамаск, но поради катастрофалната стратешка грешка на Темпларите, градот да биде нападнат од исток, а не од запад, Крстоносците кои биле предводени од Темпларите биле поразени, па целиот поход завршил со неуспех?


уреди   

Избрана биографија

Робер де СаблеГолем мајстор на витешкиот ред Темплари од 1191 до 1193 и лорд од Кипар од 1191 до 1192 година.

Не е позната неговата дата на раѓање, но се верува дека бил релативно стар кога умрел. Тој е роден во почитувано семејство од Анжу и бил вазал на кралот Ричард I. Неговото владеење како лорд се базирало на повеќе мали земји по долината на реката Сарте коишто ги наследил во шеесеттите години на XII век. Неговиот имот го наследила неговата ќерка Маргарет де Сабле којашто успеала да ја спаси честа мажејќи се со познатиот витез од Третата крстоносна војна Вилијам де Роше. Робер де Сабле умрел во светата земја на 23 септември 1192 или 1193 година. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана слика

Папата Урбан II повикува на поход кон Светата земја


уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Крстоносни војни на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)