Земјини полутопки

половински одделок на Земјата
(Пренасочено од Полутопка)

Во географијата и картографијата, полутопките на Земјата се секоја поделба на земјината топка на две еднакви половини (полутопки или хемисфери), обично поделени на северна и јужна половина со екваторот или на западна и источна половина со замислена линија што минува низ половите. Хемисферите може да се поделени според: географски, културни, религиозни или врз основа на други географски одлики. Ваквата поделба на Земјата е од суштинско значење за проучувањето на Земјата, културните разлики и други географски одлики.[1]

Поделба на Земјата со Екваторот и Гриничкиот меридијан
Карта која ги прикажува источната и западната полутопка.

Географски полутопки уреди

Географските полутопки, првенствено се поделени со: Екваторот (северна и јужна) и Гриничкиот меридијан (источна и западна):

Северна и Јужна полутопка

а. Северна полутопка е полутопката што се наоѓа северно од екваторот. Оваа хемисфера содржи приближно 68% од копното на Земјата и е дом на околу 90% од светското население. Ги вклучува: Северна Америка, Европа, Азија, поголемиот дел од Африка и северните делови на Јужна Америка.

б. Јужна полутопка е полутопката што се наоѓа јужно од екваторот. Содржи само 32% од копното на Земјата и е дом на околу 10% од светското население. Ги вклучува: најголем дел од Јужна Америка, Австралија, Антарктикот и јужните делови на Африка.

Источна и Западна полутопка

а. Источната полутопка е полутопката што се наоѓа источно од гриничкиот меридијан и западно од 180. меридијан. Оваа хемисфера го вклучува најголемиот дел од: Африка, Европа, Азија и Австралија, како и Индискиот и западниот дел на Тихиот Океан.

б. Западната полутопка е полутопката што се наоѓа западно од гриничкиот меридијан и источно од 180. меридијан. Оваа хемисфера ги вклучува Северна и Јужна Америка, источниот дел од Тихиот Океан и поголемиот дел од Атлантскиот Океан.

Други полутопки на Земјата уреди

Земјините полутопки можат да ја поделат Земјата според: културни, религиозни белези или да го максимизираат значењето на географските одлики.[2] Како на пример:

Културолошки и религиозни полутопки

а. Источната полутопка воглавно е поврзана со источните култури и религии, како што се будизмот, хиндуизмот, конфуцијанството и исламот.

б. Западната полутопка воглавно е поврзана со западната култура и религии, пред се христијанството.

Полутопки засновани на географски критериуми

а. Земјата може да биде поделена на полутопки според промената на денот и ноќта, односно граница помеѓу осветлените и темните страни на планетата. Оваа поделба постојано се менува додека Земјата се врти.

б. Полутопка која започнува од 20° З.Г.Д. сé до 160° И.Г.Д.: Оваа алтернативна поделба го спречува расцепувањето на Африка и Европа.

Копнено-водени полутопки уреди

Алтернативните граници помеѓу полутопките можат да ја поделат планетата на начин што го максимизира значењето на една или друга географска одлика, како што е поделбата копно-вода:

Копнената полутопка има средишна точка во близина на градот Нант, Франција (47° С.Г.Ш. и 1°И.Г.Д.). Оваа полутопка содржи најголема можна површина со копно, вклучувајќи ги повеќето континенти во светот..

Водената полутопка има средишна точка јужниот дел на Тихиот Океан (47° Ј.Г.Ш. и 179°З.Г.Д.). Оваа полутопка содржи најголема можна површина на вода, вклучувајќи ги најголемиот дел од Индискиот, Атлантскиот и Тихиот Океан.

Овие поделби помагаат при различни истражувања, со цел да бидат разбрани и претставени разни географски одлики на Земјата.

Копнена полутопка
Водена полутопка
Копнената полутопка е горе, а Водената полутопка е долу.
Копнената полутопка е горе, а Водената полутопка е долу.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „hemisphere | Etymology, origin and meaning of hemisphere by etymonline“. www.etymonline.com (англиски). Посетено на 13 ноември 2023.
  2. Boggs, S. W. (1945). „This Hemisphere“. Journal of Geography. 44 (9): 345–355. doi:10.1080/00221344508986498.

Надворешни врски уреди