Полумесечеста коска

Полумесечеста коскакоска која се наоѓа на коренот на човечката дланка. Се одликува со својата длабока вдлабнатина и полумесечев изглед. Се наоѓа во средината на проксималниот ред коренодланкови коски, кои лежат помеѓу лакотната коска и палечната коска и дланката. Полумесечестата коска се наоѓа помеѓу страничната чунеста коска и медијалната триаглеста коска.

Полумесечеста коска
Преден (палмарен) поглед на левата рака. Полумесечестата коска прикажана со црвена боја.
Лева полумесечеста коска
Податоци
ЗглобовиПалечна коска проксимално
главичеста и кукаста коска дистално
чунеста коска странично
триаглеста коска медијално
триаглеста ’рскавица[1]
Назнаки
Латинскиos lunatum
TAA02.4.08.005
FMAFMA:23712

Структура уреди

Полумесечестата коска е коренодланкова коска во облик на полумесечина која се наоѓа во дланката. Полумесечестата коска се наоѓа во проксималниот ред на коренодланковите коски. Проксимално, се допира со палечната коска. Странично, се артикулира со чунестата коска, медијално со триаголната коска и дистално со главичестата коска. Полумесечестата коска исто така артикулира на својата дистална и медијална површина со кукастата коска.[2]:708[3]

Полумесечестата коска е стабилизирана со медијален лигамент на чунестата коска и страничен лигамент на триаглестата коска. Лигаментите помеѓу палечната и коренодланковата коска, исто така, ја стабилизираат положбата на полумесечестата коска, како и нејзината положба во полумесечестата јама (фоса) на палечната коска.[3]

Коска уреди

Проксималната површина на полумесечестата коска е мазна и конвексна, артикулирана со палечната коска. Страничната површина е рамна и тесна, со полумесечински лик за артикулација со чунестата коска. Медијалната површина поседува мазна и четириаголна страна за артикулација со триаглестата коска. Палмарната површина е груба, како и дорзалната површина. Грбната површина е широка и заоблена. Дисталната површина на коската е длабока и конкавна.[4]

Снабдување со крв уреди

Полумесечестата коскаго добива снабдувањето со крв од задните и палмарните гранки.[3]

Варијација уреди

Полумесечестата коска има променлив облик. Околу една третина од полумесечестите коски немаат медијален аспект, што значи дека не се артикулираат со кукастата коска. Дополнително, кај околу 20% од луѓето, снабдувањето со крв може да се појави само од палмарните садови.[3]

Осификација уреди

Осификацијата на полумесечестата коска започнува помеѓу 18 месеци и 4 години и 3 месеци.[5]

Функција уреди

Коренодланковите коски функционираат како единица која обезбедува коскена надградба за дланката.[2]:708[3]:708 Како проксимална коренодланкова коска, полумесечестата коска е исто така вклучена во движењето на зглобот.[3]

Клиничка важност уреди

 
Перилунарно изместување како што се гледа на рендген.

Полумесечестата коска е најчесто изместуваната коренодланкова коска.

  • Коренодланкова коалиција
  • Кинбекова болест
  • Тајзенова класификација

Етимологија уреди

Научното латинско име (os lunatum) на полумесечестата коска потекнува од зборот „во облик на полумесечина“ (латински: lunatus),[6] кој доаѓа од коренот luna („месечина“), од сличноста на коската со полумесечина. Кај водоземците и влекачите, коската наместо тоа е нарекувана средна коска (intermedium), поради нејзината положба помеѓу другите два проксимални коренодланкови коски.

Дополнителни слики уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  Оваа статија вклучува тест во јавен домен од страница 224 од 20. издание на Грејова анатомија (1918)

  1. Manaster, B. J., Julia Crim "Imaging Anatomy: Musculoskeletal E-Book" Elsevier Health Sciences, 2016, стр. 326.
  2. 2,0 2,1 Drake, Richard L.; Vogl, Wayne; Tibbitts, Adam W.M. Mitchell; illustrations by Richard; Richardson, Paul (2005). Gray's anatomy for students. Philadelphia: Elsevier/Churchill Livingstone. ISBN 978-0-8089-2306-0.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Eathorne, SW (Mar 2005). „The wrist: clinical anatomy and physical examination--an update“. Primary Care. 32 (1): 17–33. doi:10.1016/j.pop.2004.11.009. PMID 15831311.
  4. Gray, Henry (1918). Anatomy of the Human Body. стр. 6b. The Hand. 1. The Carpus. Посетено на 5 ноември 2023.
  5. Balachandran, Ajay; Kartha, Moumitha; Krishna, Anooj; Thomas, Jerry; K, Prathilash; TN, Prem; GK, Libu; B, Krishnan; John, Liza (2014). „A Study of Ossification of Capitate, Hamate, Triquetral & Lunate in Forensic Age Estimation“. Indian Journal of Forensic Medicine & Toxicology. 8 (2): 218–224. doi:10.5958/0973-9130.2014.00720.8. ISSN 0973-9130. Посетено на 5 ноември 2023.
  6. Harper, Douglas. „Lunate“. Online Etymology Dictionary. Посетено на 5 ноември 2023.