Полина Владимировна Гелман (руски: Поли́на Влади́мировна Ге́льман, украински: Поли́на Володи́мирівна Ге́льман; 24 октомври 191925 ноември 2005) — наградуван советски војник, што го добива признанието Херој на Советскиот Сојуз за нејзините заслуги во познатата единица Ноќни вештерки за време на Втората светска војна.[1]

Полина Владимировна Гелман
Изворно имеПоліна Володимирівна Гельман
Роден24 октомври 1919
Бердичив, Украина
Починал25 ноември 2005
Москва, Русија
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1957
ЧинПотполковник
Единица46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниГолема Патриотска Војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Ран живот уреди

Родена е во работничко еврејско семејство од украинскиот град Бердичив во 1919 година, а по смртта на нејзиниот татко живее во Гомељ, Белорусија со нејзината мајка. Во 1938 година завршува десет одделенија и учи средно училиште пред да се запише на Московскиот Државен универзитет, каде студира сѐ до 1941 година.[2][3]

Втора светска војна уреди

Гелман волонтира во октомври 1941 година во новоформираната воздухопловна група бр. 122, која е составена од три женски воздухопловни полкови на Советските воздухопловни сили, основани од страна на Марина Раскова, по неколкуте одбивања односно дисквалификации поради нејзината висина. Станува навигатор во 1942 по обуката на военото воздухопловно училиште Енгелс и се придружува кон женскиот 588. Ноќен бомбашки полк, кој подоцна станува гарда под името 46. Таманска гарда на Ноќен бомбашки воздухопловен полк. Гелман извршува 860 мисии и се здобива со чинот потполковник пред капитулацијата на Нацистичка Германија. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз од страна на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз во 1946 година.[2][3]

Повоени активности уреди

Бидејќи ја продолжува нејзината кариера како професионален воен офицер, испратена е на обука за воен преведувач, дипломирајќи на воениот институт за странски јазици во 1951 година.[4][5]

Гелман живее во Москва по нејзиното пензионирање од активната служба како мајор во 1957 година. Работи во Институтот за општествени науки и предава политичка економија како факултетски инструктор до нејзиното пензионирање во 1990 година. Се здобива со чинот потполковник во резервната војска. Како член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз од 1942 година, испратена е како советник и преведувач во Куба.[2][3]

Мемоарите на Гелман од нејзините години поминати како пилот се објавени во Москва во 1982 година. Умира на 25 ноември 2005 во Москва, каде што е закопана на Новодевичиските гробишта.[6]

Почести и награди уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Sakaida, Henry (2012-04-20). Heroines of the Soviet Union 1941–45 (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 9781780966922.
  2. 2,0 2,1 2,2 Simonov, Andrey. „Гельман Полина Владимировна“. warheroes.ru. Посетено на 2018-01-19.
  3. 3,0 3,1 3,2 Janina, Cottam (1998). Women in War and Resistance: Selected Biographies of Soviet Women Soldiers. Newburyport, MA: Focus Publishing/R. Pullins Co. ISBN 1585101605. OCLC 228063546.
  4. Piero., Milanetti, Gian (2013). Soviet airwomen of the great patriotic war : a pictorial history. Roma: IBN. ISBN 9788875651466. OCLC 955303338.
  5. „Тревожные ночи“. www.a-z.ru. Посетено на 2018-01-19.
  6. „Гельман Полина Владимировна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-19.