Ползела (словенечки: Polzela) ― паланка во истоимената општина во Штаерска, Словенија. Таа е географски значајна поради нејзината местоположба во Долната Савињска долина. Се наоѓа на важна патна раскрсница уште од римско време (Во Лочица кај Савиња имало римски логор) што ги поврзува правците од западните предели на Цељската Котлина до Шалешка Долина и Горната Савињска Долина.

Ползела
Polzela
Прекар(и): sl
Држава Словенија
Традиц. регионШтаерска
Статистички регионСавиња
ОпштинаПолзела
Површина[1]
 • Вкупна3,70 км2 (140 ми2)
Надм. вис.&10000000000002925000000292,5 м
Население (2019)[1]
 • Вкупно2.351

Историја уреди

 
Дворецот Шенек
 
Пензионерскиот дом со обновената капела

Ползела и нејзината околина биле населени од одамна. Марко Аврелиј изградил силен одбранбен логор на II италијанска легија во областа на денешна Лочица кај Савиња за време на битките меѓу Римјаните и Германите. Во самата Ползела, на еден рид, во средината на градот, се наоѓа замокот Коменда кој првпат се споменува во 1170 година под името Халенштајн. Од 1323 до 1780 година, замокот бил во сопственост на Малтешките витези, по што сменил неколку сопственици. Таму живеел и еден од вујковците на Франце Прешерн и тој редовно го посетувал.

Меѓу светите градби треба да се спомене, црквата „Св. Марина (Марјета)“ од 1255 година. Градбата била изградена во стилот на романтизмот со готска камбанарија. Во 18 век црквата била обновена, а камбанаријата била подигната за еден кат.

На благ рид на северната страна на Ползела се наоѓа замокот Шенек, кој првпат бил споменат во 1288 година и првично имал облик на кула. Бил во сопственост на грофовите на Цеље. По кратката војна во 1437 година, меѓу жителите на Цеље и епископот, Јанез Шалерман, жителите на Цеље сами го урнале. Денешниот Шенек е во облик на потковица и веројатно бил повторно изграден во втората половина на 15 век.

Околу 3 км северозападно од Ползела, во Заложе се наоѓа манастирот Нови Клоштер. Историјата на Нови Клоштер е тесно поврзана со жителите на Цеље. Фридрих II изградил манастир и црква во 1453 година и ги подарил на монасите.

Важни личности уреди

Ана Древ живеела во Општина Ползела. Петер Жупанц (1968) е публицист и сценарист од Ползела.[2] Нежа Маурер е почесен граѓанин на Општина Ползела.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Naselje Polzela“. Статистичка служба на Република. Посетено на 19 октомври 2022.
  2. „Polzelan Peter Zupanc odkrito o hrani, plači in življenju na Kitajskem“. Š. Kumer. Посетено на 15 октомври 2019.

Извори уреди

Badovinac, Bogdan; Kladnik, Drago Savinjsko, Celje, Velenje A-Žː priročnik za popotnika in poslovnega človeka Pomurska založba, Murska Sobota, 1997

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди