Покуќнина е целата опрема, мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди, кои се користат во едно домаќинство.

Внатрешната архитектура се занимава со обликување и распоредување на покуќнината, каде главен акцент е исцртувањето и распоредувањето на мебелот во градбата. За обликувањето и исцртувањето на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди се користи поимот дизајн, иако таа вештина може да се смета како дел од внатрешната архитектура. Тешко може да се постави граница меѓу дизајн и внатрешна архитектура. Бидејќи производство на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди е индустриализирано се користи и поимот индустриски дизајн како мултидисциплина на машинство и дизајн.