Покраини во Замбија

Замбија е поделена на 10 покраини. Тие пак, се делат на вкупно 72 окрузи.

Карта на покраините во Замбија
Покраина[1] Админ. центар Површина (км²) Население Густина
(жит/км²)
Окрузи
Централна[2] Кабве 94.394 1.267.803 13,4 6
Копербелт[3] Ндола 31.328 1.958.623 62,5 10
Источна Чипата 69.106 1.707.731 24,7 8
Луапула Манса 50.567 958.976 19,0 7
Лусака[2] Лусака 21.896 2.198.996 100,4 4
Мучинга[4] Чинсали[5]
Северна[6] Касама 147.826 1.759.600 11,9 7
Северозападна Солвези 125.826 706.462 5,6 12
Јужна Ливингстон 85.283 1.606.793 18,8 11
Западна[3] Монгу 126.386 881.524 7,0 7
Вкупно 752.612 13.046.508 17,3 72

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Гвилим Ло. „Покраини во Замбија“. Посетено на 2 ноември 2007. (податоците за населението се од пописот во 2000 г).
  2. 2,0 2,1 Покраината Лусака е создадена во 1973 г. со отцепување од Централната покраина. Во прво време зафаќала само 360 км², но во 1988 ги добила сегашните димензии.
  3. 3,0 3,1 Покраината Копербелт сè до 1969 г. се нарекувала „Западна покраина“. Тогаш покраината Бароцеленд го презела името „Западна покраина“.
  4. Создадена во ноември 2011 г. од 5 окрузи преземени од Северната покраина.
  5. „Десеттата покраина на Замбија - Мучинга“ Министерство за локална управа и домување на Замбија Архивирано на 18 јануари 2014 г. (англиски)
  6. До 2011 г. ја опфаќала и територијата на денешната покраина Мучинга.