Поезија (Тадеуш Ружевич, 1965)

„Поезија (избор)“книга со избор од поезијата на полскиот поет Тадеуш Ружевич, објавена во 1965 година од издавачката куќа Култура од Скопје во рамките на библиотеката „Современа лирика“.

Содржина уреди

Книгата содржи 32 песни, поговор со наслов „Во името на човекот и за човекот - Неколку забелешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, како и био-библиографски летопис.[1]

  • Од збирката „Неспокој“ (1945 — 1946)
  • Преживеав
  • Јаболко
  • Птичка килибарна
  • Оплакување
  • Од бележникот
  • Од збирката „Црвената нараквица“ (1947 — 1948)
  • Туѓинци
  • Ѕид
  • Враќање
  • Скаменето вообразување
  • Од збирката „Пет поеми“ (1950)
  • Крила и раце
  • Клање на децата
  • Од збирката „Рамнина“ (1954)
  • На заминување на поетот
  • Од збирката „Сребрениот клас“ (1955)
  • Татко
  • Кого го нема
  • Зелените ружи на поетот
  • Успеало
  • Вртелешка
  • Блудниот син
  • Од збирката „Насмевки“ (1955)
  • Глинени птички
  • Видоизменувања
  • Од збирката „Отворена поема“ (1956)
  • Прво сеќавање
  • Ѕид
  • Одврзани раце
  • Глас
  • Чекам
  • Глупа шега
  • Можеби тоа и не беше дом
  • Од збирката „Завеси“ (1957)
  • Таи знаеш кој сум јас
  • Оставете нè
  • Во средиштето на животот
  • Од збирката „Лице“ (1964)
  • Смеа
  • Претоварен со задолженија

Технички одлики уреди

Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Современа лирика“, а преводот, изборот и поговорот ги напишал Ацо Алексиев. Технички уредник бил Христо Христовски, а корекцијата ја направиле Елена Павлова и Ружица Димишковска. Книгата има тврди корици и била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Тадеуш Ружевич, Поезија (избор). Скопје: Култура, 1965.